Tenthredo caucasica

растителна оса
Tenthredo caucasica
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. caucasica
Научен назив
Tenthredo caucasica
Eversmann, 1847

Tenthredo caucasica е палеарктички вид растителна оса.

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на оваа оса е: Франција, Швајцарија (на Алпите), Турција и Транскавказ. Во Македонија се среќава во маврово.[1]

Биологија

уреди

Возрасните единки достигнуваат должина од 12 милиметри. Главата зад очите проширена, антените се црни. Градите се црни, крилата кафеаво затемнети, жилките и стигмата црвеножолтеникави. Нозете се црни, абдоменот црн, третиот тергит со жолт појас.[1]

Ларвите не се доволно проучени.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 182