Tenthredo campestris

вид инсект
Tenthredo campestris
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. campestris
Научен назив
Tenthredo campestris
Linnaeus, 1758

Tenthredo campestris е вид инсект од семејството Tenthredinidae.

Живеалиште

уреди

Овој вид оса се наоѓа низ цела Европа. Во Македонија се среќава во југозападниот дел.[1]

Биологија

уреди

Возрасните единки може да достигнат должина од 12-15 милиметри. Главата им е црна, антените жолти, градите црни, од горната страна делумно црвеникави. Крилата се жолтеникави, на врвот затемнети, а жилките кафеави. Нозете се црни до колена, предните флемури жолтеникави, другите делови жолти. Абдоменот е жолт и црвеникав до средината, другите делови се црни. Најчесто последните четири сегменти се црни.[1] Ларвите достигнуваат должина до 24 милиметри, и се развиваат во текот на јули. Возрасните форми се среќаваат од мај до август.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 206-207