Steps

британска поп-група

Steps ― британска денс-поп група во чиј состав се: Ли Лачфорд-Еванс, Клер Ричардс, Лиза Скот-Ли, Феј Тозер и Ијан Воткинс. Групата била основана во мај 1997 година и имала два албума на прво место на топ-листата во Обединетото Кралство, 14 последователни топ-5 синглови во Обединетото Кралство (два од нив на прво место) и многу хитови низ Европа. Групата продала преку 22 милиони записи.

Steps
A group of five people - three women (pictured standing) and two men (pictured crouching) - standing on a stage performing a music act.
Steps на настап во живо на нивната турнеја „Party on the Dancefloor“ во Utilita Arena во Њукасл, ноември 2017 година. Од лево кон десно: Ијан „Ејч“ Воткинс, Лиза Скот-Ли, Клер Ричардс, Ли Лачфорд-Еванс и Феј Тозер
Животописни податоци
ПотеклоЛондон, Обединето Кралство
ЖанровиПоп, денс-поп
Период на активност
  • 1997–2002, 2011–2012,

2017–денес

Издавачи
Мреж. местоstepsofficial.co.uk
Членови
  • Ли Лачфорд-Еванс
  • Клер Ричардс
  • Лиза Скот-Ли
  • Феј Тозер
  • Ијан „Ејч“ Воткинс

Во 1999 година групата била номинирана за награда „БРИТ“ во категоријата „Најдобар нов изведувач“. Истата година тие биле предгрупа на Бритни Спирс на нејзината прва американска турнеја „...Baby One More Time“. Групата официјално се распаднала на 26 декември 2001 година откако Ричардс и Воткинс ја напуштиле за да основаат продуцентско дуо. Нивниот претпоследен сингл стигнал до 5-то место на топ листите во Обединетото Кралство, а нивниот последен албум со најголеми хитови, Gold (2001), бил вториот албум од групата кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство.

Steps биле повторно составени во мај 2011 година за да ја снимат документарната серија во четири дела под наслов Степс: Повторна средба. Серијата почнала да се емитува на 28 септември 2011 година, а на 10 октомври 2011 година бил објавен нивниот втор албум со најголеми хитови, The Ultimate Collection. Албумот дебитирал на прво место, со што станал трет албум на групата на врвот на британската топ-листа. Вториот дел од серијата Степс: Повторна средба, насловен како „Степс: Повторно на пат“, била емитувана на Sky Living во април 2012 година; серијата ја следела групата на нивната распродадена турнеја во Велика Британија составена од 22 концерти. На 12 ноември 2012 година, групата го издала четвртиот студиски албум, Light Up The World, а во периодот од 30 ноември до 5 декември имале божиќна турнеја.[1] Групата повторно се составила на 1 јануари 2017 година за да ја прослават 20-годишнината од основањето на групата, а во април 2017 година го објавиле нивниот петти студиски албум, Tears on the Dancefloor.

Шестиот студиски албум на Степс, What the Future Holds, бил издаден на 27 ноември 2020 година.[2] На албумот му претходеле три сингла: насловната песна „What the Future Holds“, "Something in Your Eyes" и "To the Beat of My Heart". Нивниот седми студиски албум, What the Future Holds Pt. 2,[3] бил објавен во 2021 година. Третиот компилациски албум од групата, Platinum Collection, бил издаден во август 2022 година и дебитирал на прво место во Обединетото Кралство, со што Steps станале првата британска група од мешан пол која успеала да има четири албуми на прво место на топ-листата во четири различни децении.

Дискографија

уреди
  • Step One (1998)
  • Steptacular (1999)
  • Buzz (2000)
  • Light Up the World (2012)
  • Tears on the Dancefloor (2017)
  • What the Future Holds (2020)
  • What the Future Holds Pt. 2 (2021)

Наводи

уреди
  1. „Steps head into recording studio“. Ultimate Steps. 10 August 2012. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 10 August 2012.
  2. Tabberer, Jamie (8 September 2020). „Steps confirm new album What The Future Holds: 'We couldn't keep it a secret any longer'. Metro. Посетено на 8 September 2020.
  3. „Steps announce new album What The Future Holds Pt.2“. OfficialCharts.com. Посетено на 20 August 2021.

Надворешни врски

уреди