Staphylococcus xylosus
Staphylococcus xylosus | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Bacilli |
Ред: | Bacillales |
Семејство: | Staphylococcaceae |
Род: | Staphylococcus |
Вид: | S. xylosus |
Научен назив | |
Staphylococcus xylosus Schleifer & Kloos 1975 |
Staphylococcus xylosus е бактериски вид кој припаѓа на родот Staphylococcus. Станува збор за Грам-позитивна бактерија која формира кластери на клетки. Како и повеќето стафилококни видови, и овој вид е коагулаза-негативен и живее како коменсал на кожата на луѓето и животните.[1]
Staphylococcus xylosus може да се користи како CNC (коагулаза-негативни коки) во ферментацијата на салама.[2]
Се чини дека е многу повеќе чест кај животните отколку кај луѓето. Многу ретко се може да биде идентификуван како причинител на човечка инфекција.
Идентификација
уредиОвој вид нормално е чувствителен на флероксацин, метицилин, пеницилин, теикопланин, еритромицин и тетрациклин, а резистентен е на новобиоцин. Биохемиски е многу активен, создавајќи органски киселини од разни јаглехидрати.
Способен е да продуцира киселина и гас од D-(+)-галактоза, D-(+)-маноза, D-(+)-манитол, малтоза и лактоза.
Може да продуцира слузи, но не и клеточни капсули. Оваа способност ја губи после субкултивирање. Пептидогликанот на клеточниот ѕид е сличен на L-Lys-Gly3-5 L-Ser0.6-1.5 типот кој се среќава воглавно кај човечките стафилококни видови.
Клиничко значење
уредиStaphylococcus xylosus е член на кожната микрофлора на човекот и другите животни. Понекогаш е поврзан со:
- Носен дерматитис кај некои видови на глодачи
- Пиелонефрит кај луѓето
- Птичји стафилококни инфекции
- Инфекции кај говедата
Наводи
уреди- ↑ Karl H. Schleifer and Wesley E. Kloos: Isolation and Characterization of Staphylococci from Human Skin I. Amended Descriptions of Staphylococcus epidermidis and Staphylococcus saprophyticus and Descriptions of Three New Species: Staphylococcus cohnii, Staphylococcus haemolyticus, and Staphylococcus xylosus. Int J Syst Bacteriol January 1975 25:50-61; doi:10.1099/00207713-25-1-50.
- ↑ Aquilanti, L., Garofalo, C., Osimani, A. and Clementi, F.: Ecology of lactic acid bacteria and coagulase negative cocci in fermented dry sausages manufactured in Italy and other Mediterranean countries: an overview, in: International Food Research Journal 23(2): 429-445 (2016)
Литература
уреди- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)