Sporolactobacillus
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Bacilli
Ред: Bacillales
Семејство: Sporolactobacillaceae
Род: Sporolactobacillus
Kitahara and Suzuki 1963
Видови

S. dextrus
S. inulinus
S. kofuensis
S. laevis
S. laevolacticus
S. nakayamae
S. terrae
S. vineae

Sporolactobacillus е род на стапчести, Грам-позитивнианаеробни, подвижни бактерии на млечно-киселинско вриење.[1]

Членовите на овој род се каталаза-негативни, не ги редуцираат нитратите во нитрити, и не формираат индол. Млечната киселина ја продуцираат активно, без ослободување на гасови, од гликоза, фруктоза, маноза, сахароза, малтоза, трехалоза, рафиноза, инулин, манитол, сорбитол, и алфа-метилгликозид.

Sporolactobacillus видовите обично виреат на температури меѓу 25 и 40 °C, со оптимална температура за раст околу 35 °C.

Наводи

уреди
  1. Kitahara K, Suzuki J (1963). „Sporolactobacillus nov. subgen“. J Gen Appl Microbiol. 9: 59–71. doi:10.2323/jgam.9.59.[мртва врска]