Скриптирање на опслужувачка страна

(Пренасочено од Server Side Scripting)

Скриптирање на опслужувачка страна (англ. Server-side scripting) е опслужувачка технологија каде што упитите се разрешуваат преку стартување на скрипта директно на опслужувачот, која генерира димачка HTML страници. Оваа технологија вообичаено се користи за дизајнирање на интерактивни мрежни места кои во позадина се поврзани со бази на податоци или слични складишта на податоци. Оваа технологија е реалична од технологијата на Скриптирање на клиентска страна каде што скриптите се извршуваат кај клиентот во рамките на прелистувачот. За оваа намена најчесто се користи JavaScript. Основната предност кај скриптирањето на опслужувачка страна е можноста за прецизно подесување на одговорот на опслужувачот согласно со барањата упатени од страна на клиентот, а согласно со неговите привилегии за пристап и дефинираните политики за работа со базите на податоци.

Вовед

уреди

Во "старите" времиња оваа технологија била исклучиво применувана во комбинација со C програмирањето, Perl скрипти и шел скрипти користејќи се со техниката Common Gateway Interface (CGI). Овие скрипти се извршуваат од страна на оперативниот систем. Кодирањето / програмирањето, се изведува на класичен начин согласно програмската спецификација за дадениот програмски јазик, а резултатите едноставно се испорачуваат на опслужувачот кој понатаму ги доставува до веб клиентот. Денес, покрај гореспоменатите техники, исто така се користат и ASP и PHP, кои директно се извршуваат од страна на опслужувачот или од страна на одредени модули (т.е. mod perl или mod php). Двата начина на скриптирање (т.е. CGI или директно извршување) можат да се исползуваат за создавање на комплексни мрежни места. Препорачливо е да се користи техниката на директно извршување бидејќи вообичаено оваа техника резултира со побрз одзив бидејќи нема постојано повикување на соодветниот интерпретер.

Динамичките мрежни места понекогаш се опслужувани од специјално дизајниран веб апликациски опслужувач, како што е на пример Python "Base HTTP Server" библиотеката.

Технологии за скриптирање на опслужувачка страна

уреди

Било кој програмски јазик може да создаде мрежно место со помош на CGI техниката. Во продолжение ќе бидат набројани технологии кои главно се дизајнирани за скриптирање на опслужувачка страна, вообичаено со вгнездување на инструкциите директно во шаблонизираните мрежни места.

ASP
Решение на Microsoft кое овозможува различни јазици (но најчесто се користи VBscript) да бидат вгнездени во HTML страниците. Во основа функционира само на Windows платформа, додека на другите платформи е со крајно лимитирана поддршка.
ColdFusion
Комерцијален систем за скриптирање на опслужувачка страна, работи на повеќе платформи
ESP
ESP или Escapade е создаден уште 1997 од страна на Ед Карп, најмногу се употребува во Европа, а многу малку е прифатен во САД.
JSP
Систем заснован на програмскиот јазик Java, кој се вгнездува во HTML страниците.
Lasso
Работи на повеќе платформи, интерпретерски програмски јазик.
PHP
opensource решение, кодот се вгнездува во HTML документот.
JavaScript на опслужувачка страна
JavaScript се користи најчесто на клиентска страна но може честопати да се сретне и на опслужувачка страна.
SMX
opensource програмски јазик сличен на Lisp, се вгнездува во HTML странците.
Server Side Includes
Основен систем кој е дел од apache опслужувачот, најчесто се користи за комбинирање на документи или делови од документи на опслужувачка страна
Ruby on Rails

Создавање на динамички мрежни места

уреди

Создавањето на динамични мрежни места на страната на опслужувачот е една од главните примени на јазиците за скриптирањето на опслужувачка страна.

Како алтернатива на оваа техника се користи уште и системот на веб шаблони во таканаречена MVC рамка. Било кој "не веб специфичен" програмски јазик може да се користи за управување со веб шаблоните.

Поврзано

уреди