Scriptio continua / скриптио континуа или scripta continua/ скрипта континуа — стил на пишување текст. Буквалниот превод на македонски од латински е „продолжено пишување“ и главна карактеристика на стилот е тоа што нема празни места помеѓу зборовите или речениците. Исто така, во овој стил нема правописни знаци, надредни знаци или разлика од мала и голема буква. Најстарите старогрчки и старолатински текстови користеле посебни знаци за одделување на зборовите, но подоцна преминале кон употреба на овој стил.[1][2] Меѓу словенските јазици, само глаголицата била делумно употребувана во овој стил.

Латински текст, пример за продолжено пишување.
Оваа статија содржи специјални знаци. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи.

ПримериУреди

Латински јазикУреди

Во прилог следува латински текст во стил на продолжени пишување. Овој дел е од текст на Цицерон.

  • NEQVEPORROQVISQVAMESTQVIDOLOREMIPSVMQVIADOLORSITAMETCONSECTETVRADIPISCIVELIT

Ако се следат современите норми за пишување, се добива:

  • Neque porro quisquam est qui dolorem ipsum quia dolor sit amet, consectetur, adipisci velit…
  • „Никој не сака болка поради негова корист, или ја бара неа и сака да ја има, само затоа што е болка...“

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. E. Otha Wingo. (1972). Latin punctuation in the classical age. The Hague: Mouton.
  2. Brent Harmon Vine (1993). Studies in archaic Latin inscriptions. Innsbruck: Institut für Sprachwissenschaft der Universität Innsbruck.