Russula alnetorum
Russula alnetorum е вид на габа од родот Гулапка. Плодните тела се наоѓаат како растат на земја во близина на евла со кои оваа габа има симбиотска врска. Шапката е виолетова а ливчињата и дршката се бели, потемнуваат со возраста.
Russula alnetorum | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Столпчести габи |
Класа: | Агарикомицети |
Ред: | Гулапковидни |
Семејство: | Гулапки |
Род: | Гулапка |
Вид: | Russula alnetorum |
Научен назив | |
Russula alnetorum |
Russula alnetorum | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Basidiomycota |
Класа: | Agaricomycetes |
Ред: | Russulales |
Семејство: | Russulaceae |
Род: | Russula |
Вид: | R. alnetorum
|
Биномен назив | |
Russula alnetorum Romagn. 1956
| |
Distribution of Russula alnetorum in Europe | |
Синоними | |
Russula pumila, Rouzeau & Massart |
Опис
уредиШапката на оваа гулапка е со средна големина и обично помеѓу 2-6 см во пречник. Отпрвин е конвексно, потоа се израмнува и развива вдлабнатина во центарот, а месото е тенко и кревко. Маргината е тапа, на почетокот мазна, но подоцна станува назабена. Шапката е темно виолетова во центарот, понекогаш со сиво-кафени дамки и побледо виолетова во близина на рабовите. Ливчињата се бели, стануваат сивкави со возраста, делумно прицврстени за стеблото и се околу 3-7 мм широки. Отпечатокот на спорите е бел. Дршката е обично 3-5 см долга, но понекогаш може да достигне и до 8 см. Кршлива е, со сунѓересто месо и шуплива со две до четири прегради. Таа е цилиндрична, станува подебела во близина на основата, на почетокот бела, но станува жолтеникава и на крајот сива со возраста. Оваа габа е речиси без мирис или има малку овошен мирис.[1]
Распространетост и живеалиште
уредиRussula alnetorum се јавува во поголемиот дел од Европа и северна Азија. Распространет е, но невообичаен и секогаш расте во асоцијација со евла во шумите, мочуриштата, грмушките и на речните брегови. Сака влажна земја, но не и почва со вода и се наоѓа на песочна почва и глина, но не и претерано кисели почви. Плодните тела се појавуваат од август до ноември.[1]
Екологија
уредиRussula alnetorum е микоризална габа која има симбиотска асоцијација со обичната евла (Alnus glutinosa) и други видови на евла.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Jahn, H. (1976). „Russula pumila Rouzeau & Massart, ein Täubling unter Alnus glutinosa, in Norddeutschland und Westfalen gefunden“ (PDF). Westfälische Pilzbriefe. XI: 15–22.
- ↑ Featherstone, Alan Watson (2012-11-26). „Common or black alder“. Trees for life. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 2014-08-07.