Pod smokvom (македонски: Под смоквата) , е образовен проект на Римокатоличката Црква во Хрватска.

Заднина

уреди

Фра Мате Колак за време на летото во 2017 година држел библиски катехези на Крапањ во склоп на програмата Kursiljo. Притоа, често можеле да читаат и да го анализираат Евангелието во кое се споменува дрвото од смоква, чијашто улога во Библијата има големо симболичко значење. Оттука произлегло и името на проектот.

Во октомври 2017 година, на иницијатива на младите, а според свештеничкото тело "под водство на Светиот Дух" се раѓа проектот. Проектот е материјализиран преку каналот на платформата за објавување и споделување видеа Јутјуб , насловен Pod smokvom, чијшто цел е секојдневна објава на видеоснимки од Евангелието на денот со коментар и анализа според леќите на модерното доба од страна на презентаторот. Во проектот, присуствуваат и неколку млади лаици и свештеници. Читањето на Евангелието е наменето за католици, пред сѐ лаици, а негов коментар даваат свештениците.

Коментари на Евангелието даваат фра Мате Колак, свештениците Борис Јозиќ и Петар Млакар, фра Стјепан Брчина, фра Иван Марија Лотар, фра Иван Доминик Иличиќ и ѓаконот Хрвоје Зовко. Со проектот, секој ден се споделува Божјото Слово со цел гледачите да размислат како и дали таа е застспена во нивното секојдневи и живот. Со ова, се прави алузија на приказната од Библијата во која споменот на смоквата го преобразил Натанаел, кој тогаш го прифатил Божјиот повик.[1] Од 26 март, можат да се следат читањатами анализите на Евангелието и на страниците на laudato.hr. Емисијата се пренесува и на Laudato TV.[2]

Наводи

уреди
  1. Јован 1, 48
  2. "Pod smokvom - svakodnevna objava videosnimki evanđelja dana s komentarom“ ["Под смоквата", секојдневна објава на видеоснимки од Евангелието на денот]. Laudato /D. T. 26 март 2018. Посетено на 15 април 2024.

Надворешни врски

уреди