Лична мрежа

(Пренасочено од Personal area network)

Технологија

уреди

Bluetooth лична компјутерска мрежа или пиконет (piconet) е композиција од најмногу 8 активни уреди кои функционираат во систем “господар-слуга”. Првиот Bluetooth уред во оваа мрежа е господар, а останатите уреди се слуги и се поврзани со уредот-господар. Типична пиконет мрежа има домет од 10 метри, а може да достигне домет од 100 метри ви идеални услови.

Последните иновации за Bluetooth антените создаваат зголемување на оригиналниот домет на уредите. Група хакери позната како “Flexilis” успеала да поврзе два Bluetooth уреда на оддалеченост од 800 метри.

Безжична лична компјутерска мрежа (Wireless PAN)

уреди

WPAN (безжична лична компјутерска мрежа) е лична компјутерска мрежа – мрежа во која безжично се поврзани уреди внатре во личен работен простор. Безжична лична компјутерска мрежа вообичаено користи технологија која дозволува комуникација на краток домет, обично 10 метри. Една таква технологија е Bluetooth, која се користи како основа за нов стандард, IEEE 802.15. Безжична лична компјутерска мрежа може да ги обслужи поврзе сите уреди кои луѓето секојдневно ги користат во своите работни простории или ги носат со себе.

Клучниот концепт во технологијата на безжична лична компјутерска мрежа е попознат како “приклучување”. Во идеално сценарио на безжична лична компјутерска мрежа, два уреда меѓусебно оддалечени од неколку метри до неколку километри, комуницираат исто како да се поврзани со кабел. Исто така тие два уреди можат да ги игнорираат останатите уреди од мрежата со што се заштитуваат од непотребни пречки и од нелегален пристап до информациите.

Технологијата за безжична лична компјутерска мрежа се развива многу брзо и секојдневно. Предложена оперативна честота е околу 2.4 GHz во дигитален мод. Секој уред во безжична лична компјутерска мрежа ќе може да се поврзе со секој останат уред во таа мрежа без физички контакт меѓу нив. Во иднина, безжична лична компјутерска мрежа ќе дозволи поврзување на светско ниво. Пример, археолог кој се наоѓа на некое наоѓалиште во Македонија, со користење на PDA (персонален дигитален асистент) ќе може директно да се поврзе со базата на податоци во Скопје.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Дополнителни врски

уреди