Pachyprotasis variegata
Pachyprotasis variegata | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Pachyprotasis |
Вид: | P. variegata |
Научен назив | |
Pachyprotasis variegata (Fallen , 1808) |
Pachyprotasis variegata е палеарктички вид на растителна оса.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа и Сибир. Се среќава и во Македонија.[1]
Биологија
уредиВозрасните единки достигнуваат должина од 8-9 милиметри. Главата им е светложолтеникава со голема црна дамка на теменото поле, антените се кафеави од горната страна, а жолти од долната. Градите се светложолти. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата се кафеави. Абдоменот е црн од горната страна со бели задни рабови.[1] Нозете се жолти на предните страни, задните нозе се делумно црвени.[1]
Ларвите имаат тело еднобојно зелено надолжна темна штрафта. Тие се развиваат во текот на август, а возрасните форми се среќаваат во периодот мај-октомври.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 217-218