Pachyprotasis nigronotata
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Pachyprotasis
Вид: P. nigronotata
Научен назив
Pachyprotasis nigronotata
(Kriechbaumer , 1874)

Pachyprotasis nigronotata е палеарктички вид на растителна оса.

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа и Сибир. Се среќава и во Македонија.[1]

Биологија

уреди

Возрасните единки достигнуваат должина од 7-9 милиметри. Главата им е зелена со помала црна дамка околу оцелите, антените се од горната страна црни. Градите се зелени, со триаголна црна дамка. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата се светлозелени. Абдоменот е наполно зелен.[1] Нозете се зелени, со црни линии на задниот дел.[1]

Ларвите достигнуваат должина од 14 мм, телото им е зеленикаво од горе со темни и надолжни пруги. Тие се развиваат во текот на јули.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 217