Pachyprotasis antennata
Pachyprotasis antennata Норвешка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Pachyprotasis
Вид: P. antennata
Научен назив
Pachyprotasis antennata
(Klug , 1817)

Pachyprotasis antennata е палеарктички вид на растителна оса.[1]

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа, Шпанија и Сибир. Се среќава и во Македонија.[2]

Биологија

уреди

Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 милиметри. Главата им е светло-жолта со голема црна дамка на теменото поле, антените кафеави од горната страна, жолтеникави од долната. Градите се од горе црни, а од долната страна светложолти. Крилата стаклесто провидни, жилките кафеави, а стигмата посветла.[2] Нозете се жолти на предните делови, задните делови со црни линии.[2]

Ларвите достигнуваат должина од 16 мм. Тие се развиваат во текот на септември, а возрасните во август.[2]

Наводи

уреди
  1. Benson, R.B., 1952. Handbooks for the Identification of British Insects. Hymenoptera, Symphyta, Vol 6, Section 2(a-c), Royal Entomological Society, London
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 218

Надворешни врски

уреди