Post Office Protocol

(Пренасочено од POP3)

Post Office Protocol (POP) е Интернет стандард протокол на апликациско ниво употребуван од корисниците на електронска пошта за да добијат електронска порака од оддалечен опслужувач преку TCP/IP врска.[1] POP и IMAP (Internet Message Access Protocol) се двата најраспространети Интернет стандардни протоколи за пристап до електронска пошта.[2] Речиси сите емаил корисници и опслужувачи ги поддржуваат и двата протоколи. POP има неколку верзии, од кои верзијата 3 (POP3) е стандардна. Повеќето webmail сервис услужници како Gmail and Yahoo имаат и IMAP и POP3.

Преглед

уреди

POP поддржува едноставни преземи-и-избриши барања за пристап до поштенските сандачиња на далечина. Иако повеќето POP клиенти имаат опција да го напуштат маилот или опслужувачот по преземањето, емаил корисниците кои користат POP обично се поврзуваат, ги преземаат сите пораки, ги зачувуваат на компјутерот на корисникот како нови пораки, ги бришат од опслужувачот и потоа се исклучуваат. Други протоколи, особено IMAP, (Internet Message Access Protocol) обезбедуваат покомплетен и покомплексен далечински пристап до електронското сандаче. Многу емаил корисници за добивање на пораки го поддржуваат POP како и IMAP; но, сепак, помалку Internet Service Providers (ISPs) поддржуват IMAP.[dubious ]

POP3 опслужувачот слуша на добро-познатата порта 110. Криптираната комуникација за POP3 е или побарана по иницирање на протоколот, користејќи STLS команди, ако ги поддржува, или од POP3S, кој се поврзува со опслужувачот користејќи го Transport Layer Security (TLS) или Secure Sockets Layer (SSL) на добро-познатата TCP порта 995.

Пораки кои му се достапни на корисникот се утврдуваат кога POP сесијата го отвора поштенското сандаче, и се идентификуваат од бројачот на пораки, локално, во таа сесија, или по можност, од единствен идентификатор доделен на поракта од страна на POP опслужувачот. Овој единствен идентификатор е посотјан и единствен за поштенското сандаче и му дозволува на корисникот пристап до истата порака во различни POP сесии. Пораката е означена за бришење од бојачот на пораки. Кога корисникот ќе ја исклучи сесијата, поракта означена за бришење е отстранета од поштенското сандаче.

Историја

уреди

POP (POP1) е специфициран од RFC 918 (1984), а POP2 од RFC 937 (1985). Оригиналаната спецификација на POP3 е RFC 1081 (1988). Неговата сегашна спецификација е RFC 1939, ажуриран со проширен механизам RFC 2449 и механизам за проверка RFC 1734.

POP2 е назначен на добро познатата порта 109.

Оригиналната POP3 спецификација поддржувала само некриптирани КОРИСНИК/ЛОЗИНКА најавувачки механизми или Berkeley .rhosts пристап. POP3 моментално поддржува неколку методи на автентикација за да обезбеди различни нивоа за заштита од нелегитимен пристап до електронската пошта на корисникот. Повеќето од нив се обезбедени од проширените механизми на POP3. POP3 клиентите поддржуваат SASL методи за автентикација преку AUTH екстензијата.

RFC 1460 го воведе APOP во основниот протокол. APOP е протокол кој користи MD5 функција за криптирање обидувајќи се да се избегнат повторени напади и откривање на споделени тајни. Клиентите го имплементираат APOP преку Mozilla Thunderbird, Opera Mail, Eudora, KMail, Novell Evolution, RimArts' Becky!,[3] Windows Live Mail, PowerMail, Apple Mail и Mutt.

Имало неформален предлог за "POP4" спецификација, дополнет со работна опслужувач имплментација. Овој предложен "POP4" додава основно управување со директориумите, повеќекратна поддршка на пораките, позната и како управување со порака и знаменце, овозможувајќи лесен протокол кој поддржува некои познати MAP одлики кои му недостасуваат на POP3. Меѓутоа, заедничко со IMAP им е вградувањето посебен модел на поштенско сандаче во комуникацискиот протокол, кој, иако им е заеднички, не е универзален. Не беше забележан напредок кај предложениот "POP4" до 2003.[4]

Екстензии

уреди

Проширениот механизам беше предложен во RFC 2449. RFC не ги поттикнува проширувањата, туку потврдува дека улогата на POP3 е да обезбеди едноставни преземи-и-избриши опции во ракувањето со поштенското сандаче. Со команадата CAPA се листаат екстензиите кои се нарекуваат способности. Опционалните команди се вклучени во првичното множество на способности, освен тоа не важи за APOP. Водејќи се по ESMTP (RFC 5321), способностите кои започнуваат со Х, означуваат локални способности.

STARTTLS

уреди

STARTTLS екстензијата овозможува користење на Transport Layer Security (TLS) или Secure Sockets Layer (SSL) употребувајќи ја STLS командата, на стандардната POP3 порта, наместо на некоја алтернативна. Некои пак, клиенти и опслужувачи наместо алтернативниот метод за избирање на порта, користат TCP порта 995 (POP3S).

Demon Internet воведува екстензии кај POP3 кои овозможуват повеќе кориснички сметки на домен, и познат е како Standard Dial-up POP3 Service (SDPS).[5] За да се пристапи до една сметка, корисничкото име го вклучува името на опслужувачот(hostname), на пример: john@hostname или john+hostname.

Google Apps го користат истиот метод.

Споредби со IMAP

уреди

Клиентите кои оставаат пораки на опслужувачите обично користат UIDL комада за да го добијат тековниот бројач на пораки идентификуван од единствениот идентификатор. Единствениот идентификатор е арбитарен, и може да се повотрува ако сандачето содржи идентични пораки. Спротивно на тоа, IMAP користи 32-битен единстевн идентификатор (UID) кој им се доделува на пораките во растечки редослед(иако не мора тоа да биде последователно) како што пристигнале. Кога пристигнуваат нови пораки, IMAP клиентот побарува зголемување на UID, поставувајќи го со најголема вредност во однос на UID на претходно добиените пораки, при што POP клиентот мора да ја пренесе целата UIDL мапа. За големи поштенски сандачиња, ова може да побарува значителна обработка.

MIME е стандард за прикачувања(атачменти) и не-ASCII текст во пораката. Иако ниту POP3, ниту SMTP не побаруваат пораки од MIME формат, во суштина сите не-ASCII електронски пораки се од MIME формат, така што POP клиентите мораат да го поддржуваат и користат MIME. IMAP претставува електронско писмо од MIME формат.

Пример

уреди

Користењето APOP е приемр од RFC 1939 page 18.

RFC 1939 APOP е поддржан од <1896.697170952@dbc.mtview.ca.us>:

S: <чекај за врска на TCP порта 110>
C: <отвори врска>
S:    +OK POP3 опслужувачот е спремен <1896.697170952@dbc.mtview.ca.us>
C:    APOP mrose c4c9334bac560ecc979e58001b3e22fb
S:    +OK mrose's поштенското сандаче има 2 пораки (320 октети)
C:    STAT
S:    +OK 2 320
C:    LIST
S:    +OK 2 пораки (320 октети)
S:    1 120
S:    2 200
S:    .
C:    RETR 1
S:    +OK 120 октети
S:    <POP3 сервeрот испраќа порака 1>
S:    .
C:    DELE 1
S:    +OK пораката 1 е избришана
C:    RETR 2
S:    +OK 200 октети
S:    <POP3 опслужувачот испраќа порака 2>
S:    .
C:    DELE 2
S:    +OK поракта 2 е избришана
C:    QUIT
S:    +OK dewey POP3 опслужувачот се исклучува(сандачето е празно)
C:  <затвори врска>
S:  <чекај за нова врска>

POP3 опслужувачите без опционалната APOP команда очекуваат од клиентот да се најави со команди за КОРИСНИК и ЛОЗИНКА:

C:    КОРИСНИК mrose
S:    +OK Корисникот е валиден
C:    ЛОЗИНКА tanstaaf
S:    +OK Лозинката е валидна

опслужувач имплементации

уреди
  • RFC 918 – POST OFFICE PROTOCOL
  • RFC 937 – POST OFFICE PROTOCOL – VERSION 2
  • RFC 1081 – Post Office Protocol – Version 3
  • RFC 1939 – Post Office Protocol – Version 3 (STD 53)
  • RFC 1957 – Some Observations on Implementations of the Post Office Protocol (POP3)
  • RFC 2195 – IMAP/POP AUTHorize Extension for Simple Challenge/Response
  • RFC 2384 – POP URL Scheme
  • RFC 2449 – POP3 Extension Mechanism
  • RFC 2595 – Using TLS with IMAP, POP3 and ACAP
  • RFC 3206 – The SYS and AUTH POP Response Codes
  • RFC 5034 – The Post Office Protocol (POP3) Simple Authentication and Security Layer (SASL) Authentication Mechanism

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Dean, Tamara (2010). Network+ Guide to Networks. Delmar. стр. 519.
  2. Komarinski, Mark (2000). Red Hat Linux System Administration Handbook. Prentice Hall. стр. 179.
  3. (јапонски), (Becky! tutorial) Архивирано на 31 јануари 2010 г., 2001/04/26
  4. „POP4 specification although pop is used to receive mail after system is not online“. 2003. Посетено на 2011-10-17.
  5. Demon Online Help Centre Архивирано на 23 јули 2011 г.. E.demon.net (2013-01-23). Посетено на 2013-07-17.

Наводи

уреди
  • Hughes, L (1998). Internet e-mail Protocols, Standards and Implementation. Artech House Publishers. ISBN 0-89006-939-5.
  • Johnson, K (2000). Internet Email Protocols: A Developer's Guide. Addison-Wesley Professional. ISBN 0-201-43288-9.
  • Loshin, P (1999). Essential Email Standards: RFCs and Protocols Made Practical. John Wiley & Sons. ISBN 0-471-34597-0.
  • Rhoton, J (1999). Programmer's Guide to Internet Mail: SMTP, POP, IMAP, and LDAP. Elsevier. ISBN 1-55558-212-5.
  • Wood, D (1999). Programming Internet Mail. O'Reilly. ISBN 1-56592-479-7.

Надворешни врски

уреди

Предлошка:E-mail клиенти