Оffline area network (OAN) е компјутерска мрежа која поврзува компјутерски уреди кои се наоѓаат во близина, како на пример таблети, компјутери, преносни компјутери и други поврзани уреди на опслужувач на приватна локализирана мрежа дома, во канцеларија, на кампус или доверливи локации како што се лаборатории и владини згради. Исто како LAN и WAN, и OAN мрежната топологија може да користи ARCNET, токен ринг, етернет, усучени парици и безжична мрежа за да се изгради офлајн мрежата. Она што го разликува OAN од LAN и WAN е тоа што преносот на податоци надвор од локализираната „безбедна“ мрежа, поради безбедносни причини, не се извршува преку Интернет. Наместо тоа, преносот на податоци се извршува со користење на аналогни методи за пренос како што се: пошта, курир, сигурна испорака во сеф или други методи кои не користат интернет. Во една OAN мрежа, податоците се праќаат помеѓу разделени локации зачувани на тврди дискови (HDD) или SSD, магнетна лента или друг тип на медиум кој не користи интернет или на било кој начин користи пренесување на податоци преку класична мрежа.

Историја

уреди

Несигурниот интернет и губењето на податоци при пренос доведоа до потреба од побезбеден и посигурен начин за пренос на податоци. Дарен Клам, пронаоѓачот на офлајн мрежата (OAN), разви уникатен пристап до дигиталната безбедност во моментот кога потполно беа занемарени потребите на претпријата за сигурност при пренос. Тој и неговиот тим во CRAM Worldwide [1] (компанија за технологија од Минесота) ја развиваја оваа технологија и најдоа решенија за здравствените, медицинските и индустриите за забава. CRAM ја патентираа оваа технологија на 17 Март, 2011 година (US 2011/0066861).[2]

Етернет е развиен во Xerox PARC во 1973–1975,[3] и патентиран како Патент-САД 4063220. Во 1976 откако системот беше развиен во PARC, Роберт Меткалф и Дејвид Богс го напишаа научен трудот, "Етернет: Дистрибуирано пакетно преклопување за локални компјутерски мрежи"[4]

ARCNET е развиен од страна на Datapoint Корпорацијата во 1976, а објавен во 1977.[5] Првата комерцијална инсталација се случила во Њујорк во декември 1977, во банката Chase Manhattan.[6]

Еволуција на стандардите

уреди

Развитокот на лични сметачи кои го користат CP/M оперативен систем во доцните 1970-ти и подоцна од 1981 година DOS-засновани системи, го зголемуваат бројот на компјутери кои можат да се најдат на една локација на десетина па и стотина. Првичната цел за вмрежување генерално била за да се споделат складови за податоците и печатачи, кои во тоа време биле многу скапи. Со многу ентузијазам, од 1983 и неколку следни години наваму, експертите на компјутерската индустрија ја прогласуваат наредната година за „година на LAN“[7][8][9].

Во пракса, концептот бил нарушен од опстојувањето на некомпатибилни физички нивоа и имплементаци на мрежните протоколи, како и многуте методи на делење на ресурси. Типично, секој продавач имал сопствен вид на мрежна картичка, кабелско поврзување, протокол и мрежен оперативен систем. Решението е пронајдено со доаѓањето на Novell NetWare кои обезбедиле непристрасна поддршка за десетина типови на картички и кабли (кои меѓусебно биле конкурени) и пософистициран оперативен систем од сите други конкуренти. Netware доминирал[10] на LAN-бизнисот од почетокот сè до средината на 1990-тите кога Мајкрософт го претстави напредниот опслужувач Windows NT и Windows for Workgroups.

Од сите конкуренти на NetWare, Banyan Vines бил единствениот со споредливи технички предности, но никогаш не стекнал сигурна база. Мајкрософт и 3Com работеле заедно на создавање на едноставен мрежен оперативен систем кој ги оформил основите за 3+Share на 3Com, LAN Manager на Мајкрософт и LAN Server на IBM - но ниту еден од овие не бил значително успешен.

Во истиот период, компјутерските работни станици на Unix од продавачите како Sun Microsystems, Hewlett-Packard, Silicon Graphics, Intergraph, NeXT и Apollo користеле TCP/IP засновано вмрежување. Иако моментално овој дел од пазарот е значително намален, технологиите развиени во ова подрачје се’ уште се влијателни и значајни за Интернетот и во вмрежувањето&mdash на Линукс и Mac OS X. Исто така и TCP/IP протоколот речиси потполно ги замени IPX, AppleTalk, NBF и други протоколи засновани на раните компјутерски LAN мрежи.

Кабелско поврзување

уреди

Раното LAN кабелско поврзување отсекогаш било засновано на различни степени на коаксиален кабел. Сепак во имплементацијата на IBM-овиот токен ринг биле користени заштитени извртен пар кабли (twisted pair), а во 1984 StarLAN го покажа потенцијалот на едноставните „незаштитени“ извртен пар кабли со користење на Cat3 кабли&mdash, истите кабли кои се користат во телефонијата. Ова доведе до развој на 10Base-T (и неговите наследници) и структурирано каблирање кои се основа на комерцијалните LAN денес. Исто така и фибер-оптичкото кабелско поврзување е доста користено во комерцијалните апликации.

Поради тоа што ваквото поврзување не е секогаш возможно, во моментов најкористена технологија во станбените простори е безжичната мрежа Wi-Fi, бидејќи потребата од поставување на кабли е минимална, а е погодно за мобилни уреди.

Наводи

уреди
  1. „Cram Worldwide“. Cramworld.com. Посетено на 2012-07-15.
  2. http://appft1.uspto.gov/netacgi/nph-Parser?Sect1=PTO1&Sect2=HITOFF&d=PG01&p=1&u=/netahtml/PTO/srchnum.html&r=1&f=G&l=50&s1=20110066861.PGNR[мртва врска]
  3. „Ethernet Prototype Circuit Board“. Smithsonian National Museum of American History. Посетено на 2007-09-02.
  4. „Ethernet: Distributed Packet-Switching For Local Computer Networks“. Acm.org. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 2010-10-11.
  5. „ARCNET Timeline“ (PDF). ARCNETworks magazine. Fall 1998. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-10-11. Посетено на 2014-09-10.
  6. Lamont Wood (2008-01-31). „The LAN turns 30, but will it reach 40?“. Computerworld.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-29. Посетено на 2010-10-11.
  7. "'The Year of The LAN' is a long-standing joke, and I freely admit to being the comedian that first declared it in 1982...", Robert Metcalfe, InfoWorld Dec 27, 1993
  8. "...you will remember numerous computer magazines, over numerous years, announcing 'the year of the LAN.'", Quotes in 1999
  9. "...a bit like the Year of the LAN which computer industry pundits predicted for the good part of a decade...", Christopher Herot
  10. Wayne Spivak (2001-07-13). „Has Microsoft Ever Read the History Books?“. VARBusiness. Архивирано од изворникот 2010-10-11. Посетено на 2014-09-10.