Селски тутун

(Пренасочено од Nicotiana rustica)
Селски тутун
Nicotiana rustica
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Тутун
Вид: N. rustica
Научен назив
Nicotiana rustica

Селски тутун (научно: Nicotiana rustica), во Латинска Америка познат како Мапачо (Mapacho) е многу силна врста тутун. Ова растение се корсити за правење на органски пестициди заради високата концентрација на никотин во неговите листови.

Rustica се користи и за ентеогени цели од страна на јужноамериканските шамани. Расте во дождовни шуми и содржи до 20 пати повеќе никотин од обичните северноамерикански видови како N. tabacum. Најчесто листовите му се ставаат во вода, и водата потоа се инсуфлира; се пуши и во пури, а се користи и како клизма. Исто така е и честа примеса на ајаваската во некои делови на дождовната шума. Овој тутун треба да се употребува многу претпазливо бидејќи никотинот е смртоносен отров, дури и во мали дози.[1]

Надворешни врски

уреди