Мрежно ниво

(Пренасочено од Network layer)

Мрежното ниво е третото ниво од седумслојниот OSI-модел во компјутерска мрежа. Мрежниот слој е одговорен за испраќање пакети вклучувајќи насочување помеѓу насочувачите, со оглед на тоа дека податочното ниво е одговорно за контролата на пристап, контрола на проток и проверка на грешка.

OSI модел
7 Апликациско ниво
6 Презентациско ниво
5 Ниво на сесија
4 Транспортно ниво
3 Мрежно ниво
2 Ниво на податоци
1 Физичко ниво

Мрежниот слој обезбедува функционално и процедурално средство за пренесување на променлива должина на податоци редоследно од изворот до крајното одредиште преку една или повеќе мрежи, одржувајќи го квалитетот на сервисните функции.

Функциите на мрежниот слој вклучуваат:

На пример, IP е поврзување, така што податоците може да патуваат од испраќачот до примачот, без примачот да мора да испрати потврда. Врска ориентирана на протоколи постои во други слоеви од ОСИ моделот.
  • Host адресирање
Секој host во мражата мора да има единствена адреса која одредува каде се наоѓа. Оваа адреса е доделена од хиерархиски систем. На пример, можете да бидете "Фред Марфи" за луѓето во вашата куќа, "Fred Murphy, 1 Main Street" во Дубаи, или "Fred Murphy, 1 Main Street, Dublin" за луѓето во Ирска, или "Fred Murphy, 1 Main Street, Dublin, Ireland" за луѓето насекаде во светот. На интернет, адресите се познати како Интернет-протокол (IP) адреси.
  • Испраќање на пораки
Бидејќи многу мрежи се поделени во подмрежи и за да се поврзат со други мрежи за комуникација во широк простор, мрежите користат специјални домаќини, наречени порти или рутери, за да ги препратат пакетите помеѓу мрежите. Ова исто така е од интерес за мобилните апликации, каде што корисникот може да се движи од една до друга локација, и тоа мора да биде уредено и со пораките кои следат. Верзија 4 од Интернет-протокол (IPv4) не беше дизајнирана со оваа функција, иако мобилните екстензии постојат. IPv6 има подобро дизајнирано решение.

Во рамки на услугата која ја дели сематиката на ОСИ мрежната архитектура, мрежниот слој одговара на барањата за услуги од страна на транспортниот слој и барањата на услуги од податочниот слој.

Протоколи уреди

Однос кон TCP/IP моделот уреди

TCP/IP моделот опишува протоколи кои се користат од Интернет.[1] TCP/IP моделот има слој наречен Интернет слој, кој се наоѓа над слојот за мрежен пристап. Во многу други книги и секундарни наводи, TCP/IP Интернет слојот се изедначува со ОСИ мрежниот слој. Меѓутоа, оваа споредба е погрешна, бидејќи е дозволено одлики на двата модели (на пр. без разлика дали тие се насочени за поврзување или не) местото на овие слоеви е различно во двата модели. TCP/IP Интернет слојот е всушност само подмножество од функционалноста на мрежниот слој. Го опишува само еден вид на мрежна архитектура на Интернет.

Општи, непосредни или строги споредби меѓу овие два модели треба да се избегнуваат бидејќи слоевите во TCP/IP не се главен критериум за дизајн и Internet Engineering Task Force (IETF) сметаат дека се "опасни".[2]

Видете понатаму уреди

Наводи уреди

  • Tanenbaum, Andrew S. (2003). Computer networks. Upper Saddle River, New Jersey: Prentice Hall. ISBN 0-13-066102-3.

Надворешни врски уреди