Neopalpa donaldtrumpi

вид молец
Neopalpa donaldtrumpi
Возрасен мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Пеперуги
Семејство: Кривопипки
Род: Новопипки
Вид: N. donaldtrumpi
Научен назив
Neopalpa donaldtrumpi
Nazari, 2017
Распространетост на N. donaldtrumpi (жолти триаголници)
Главата на молецот и портрет на Доналд Трамп

Neopalpa donaldtrumpi — вид молец од родот новопипки (Neopalpa) кој живее во Јужна Калифорнија и северно Мексико. Опишан е во 2017 г. од канадскиот научник Вазрик Назари[1], кој му го дал ова име бидејќи главата го потсетувала на косата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Откривање

уреди

Родот новопипки (Neopalpa), во кој спаѓа и видот Neopalpa neonata, е опишан како таков во 1998 г. од Далибор Поволни.[2] Речиси две децении подоцна, Назари го прегледувал материјалот и последователно собраните примероци изложени во Бохартовиот ентомолошки музеј,[3] сметајќи дека некои примероци укажуваат на досега неопишан вид. Новиот вид го нарекол Neopalpa donaldtrumpi поради бледожолтите перца на главата, кои го потсетувале на фризурата на Доналд Трамп.[4][5]

Опис

уреди

Молецот е долг 7-11 мм, со распон на предните крилца од 6-9,2 мм. Горната површина на крилцата е обрабена со темнокафеаво и проретчени бледи пеги, додека грбот и телесните членки се портокалово-жолти до бледожолти. Жилестиот раб има две до три школкички. Крајчињата се темнокафеави, густо просеани со обледени делови. Задните крилца се бледожолти, без белези, и со малку потемен раб. Пипалата на главата се долги две третини од распонот на крилцата, а главата е покриена со жолтобели лушпички, што е причината за името на видот.[4][5]

Највоочливите разлики меѓу N. donaldtrumpi и другиот вид во родот, N. neonata, се жолтобелите лушпички на главата, портокалово-жолтата боја на плеќниот дел, како и структурата на половите органи кај двата пола.[4]

Распространетост

уреди

Иако сродната N. neonata се јавува ширум речиси цела Калифорнија, Долна Калифорнија и северозападно Мексико, N. donaldtrumpi засега е забележан само во северната половина на Долна Калифорнија и округот Риверсајд и Империјал во Јужна Калифорнија.[4]

Биологија

уреди

Neopapla donaldtrumpi му припаѓа на семејството на кривопипките (Gelechiidae), чија одлика е вртењето во кругови кога се на листови.[6] Молецот е рамномерно застапен преку целата година, но не е познат неговиот животен век и растението-домаќин.[7] Живеалиштето му е загрозено со урбанизација.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Samuelson, Kate (January 18, 2017). „Scientists Just Named a Tiny Moth After Donald Trump: The moth's official name is Neopalpa donaldtrumpi“. Time Magazine. Посетено на 2017-01-23.
  2. Povolný, Dalibor (1998). „Neopalpa gen. n. and Eurysaccoides gen. n. — two new genera of the tribe Gnorimoschemini from California, with the description of three new species (Lepidoptera, Gelechiidae)“. Revista de Lepidopterología. Sociedad Hispano-Luso-Americana de Lepidopterología. 26: 139–146.
  3. Fitch, Chris (2017-01-18). „Meet the Trump moth“. Geographical. Royal Geographical Society. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-01-20.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Nazari, Vazrick (2017). „Review of Neopalpa Povolný, 1998 with description of a new species from California and Baja California, Mexico (Lepidoptera, Gelechiidae)“. ZooKeys. 646: 79. doi:10.3897/zookeys.646.11411.
  5. 5,0 5,1 "Neopalpa donaldtrumpi Motte trägt nun Namen von Donald Trump", Der Spiegel, посет. 18 јануари 2017 г
  6. Burdick, Alan (January 20, 2017). „The Metaphorical Meaning of a Moth Named after Trump“. The New Yorker. Посетено на 23 January 2017. The genus belongs to a wider family, Gelechiidae, the twirler moths, so called for their habit of spinning in circles on the surface of leaves.
  7. „Research: Recently described moth named in honour of new U.S. president“. BirdGuides. 20 January 2017. Посетено на 23 January 2017.
  8. Raphael, John (19 January 2017). „New Moth Species With Yellowish-White Scales, Small Genitals Named After Donald Trump“. Nature World News. Посетено на 23 January 2017.

Надворешни врски

уреди