Need for Speed III: Hot Pursuit
Need for Speed III: Hot Pursuit е тркачка видео игра објавена во 1998 година, создадена од EA Canada и објавена од Electronic Arts. Тоа е трета титула во серијата Need for Speed. Во Need For Speed III: Hot Pursuit беше имплементиран режимот на игра со полицијата, што е исто така најважното нешто во оваа игра. NFS III ги искористи мултимедијалните можности на CD-ROM-уредот и воведе аудио коментари и видеа.
Need for Speed III: Hot Pursuit | |
---|---|
Изработувач(и) | EA Canada (PS) EA Seattle (PC) |
Издавач(и) | Electronic Arts |
Продуцент(и) | Хано Лемке |
Програмер(и) | Бред Гур Дејвид Лукас Сем Дизи |
Уметник(ци) | Скот Џексон Питер Кинг Стефан Шварц Стив М. Сухи |
Писател(и) | Тони Витни |
Композитор(и) | Ром Ди Приско Саки Каскас Мет Раган Алистер Хирст Криспин Раце |
Серијал | Need for Speed |
Подлоги | PlayStation, Microsoft Windows |
Датум на издавање | 25 март 1998 |
Жанр(ови) | Трки |
Режим(и) | Едноиграчка игра, Повеќеиграчка игра |
Гејмплеј
уредиNeed for Speed III: Hot Pursuit додаде режим на Hot Pursuit каде играчот може да бега од полицијата или самиот да стане полиција и да апси возачи кои брзо се возат. Овие два режими на игра го издвојуваат од неговите претходници The Need for Speed и Need for Speed II.