Вонгалактичка база на податоци на НАСА

база на астрономски податои
(Пренасочено од NASA/IPAC Extragalactic Database)

Вонгалактичка база на податоци на НАСА/ИПАЦ (англиски: NASA/IPAC Extragalactic Database, NED) — семрежна база на астрономски информации за поврзани со тела вон нашата галаксија (галаксии, квазари, радиоизвори, рендгенски и инфрацрвени извори итн.). Создадена е кон крајот на 19800-тите од астрономите Џорџ Хелу и Бери Ф. Мадор од Пасадена, САД. Базата работи со средства од НАСА, а ја одржува Центарот за обработка и анализа на инфрацрвени снимки (IPAC) на кампусот на Калифорнискиот технолошки институт по договор со НАСА.

Изградена е на основа на матичен список од вонгалактички тела со утврдени накрсни назнаки за имиња, точни положби и црвени поместувања, како и извесни основни сознанија. Составени се библиографски одредници за поединечни тела, а се чуваат и извадоци од трудови поврзани со нив. [1]

Содржи и слики од 2MASS, од литературата, како и од Дигитализираниот небесен преглед (DSS).

Во март 2014 г. базата содржела 206 милиони одделни астрономски тела со 232 милиони накрсни ознаки низ повеќе бранови должини, црвено поместување за 5 милиони тела, 1,9 милијарди фотометрички податоци, 609 милони пречници, 71 илјади растојанија независни од црвеното поместување за преку 15 илјади галаксии, 310 илјади подробни класификации за 230 илјади тела, и 2,6 милиони сллики, карти и надворешни врски, заедно со врски до 65 илјадни стручни написи, прибелешки и извадоци.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди