Middle of the Road
Middle of the Road ― шкотска поп-група која била популарна во Европа и Латинска Америка во текот на 1970-тите. Пред ABBA да се етаблираат на музичката сцена во средината на 70-тите, Middle of the Road биле основоположници на раната европоп-музика. Четири нивни синглови биле продадени во преку милион примероци и добиле статус на златен диск:[1] „Chirpy Chirpy Cheep Cheep“,[2] „Sacramento“, „Tweedle Dee Tweedle Dum“ и „Soley Soley“. До почетокот на 1972 година групата продала над пет милиони плочи.[1]
Middle of the Road | |
---|---|
Middle of the Road во 1972 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Part 4 (1967) Los Caracas (1968–1970) |
Потекло | Глазгов, Шкотска |
Жанрови | Поп, баблгам |
Период на активност | 1968–денес |
Издавачи | RCA (1970–1973) Ariola (1973–1976) |
Мреж. место | middleoftheroad-popgroup.com |
Членови | |
Lorna Osborne Ian McCredie Stuart McCredie Stephan Ebn | |
Поранешни членови | |
Sally Carr Ken Andrew Eric McCredie Linda Carroll Lorraine Fehlberg Neil Henderson |
Историја
уредиГрупата била основана на 1 април 1970 година во Глазгов, Шкотска. Основачки членови биле: пејачката Сали Кар, тапанарот Кен Ендру, гитаристот Ијан Мекреди и неговиот брат басистот Ерик Мекреди. Поради слабиот успех во Обединетото Кралство, тие во 1970 година се преселиле во Италија. Таму се запознале со италијанскиот музички продуцент Џакомо Тости, кој на групата ѝ го дал препознатливиот звук и ѝ помогнал да се пробие на меѓународната музичка сцена.
Нивниот најуспешен сингл „Chirpy Chirpy Cheep Cheep“ (1971) бил продаден во повеќе од 10 милиони примероци, а „Tweedle Dee Tweedle Dum“ (1971) и „Soley Soley“ (1971) биле продадени повеќе од 1 милион примероци. Групата особено успешна била во Германија каде што во периодот од 1971 до 1974 година имале единаесет хитови кои се пласирале во топ-40. Песните „Chirpy Chirpy Cheep Cheep“ и „Sacramento“ често се пуштале на Скандинавското радио. Од 1971 до 1973 година групата имала четири песни на врвот на холандската топ-листа, Daverende 30.[3]
Во 1974 година, на групата како гитарист ѝ се придружил членот од Bay City Rollers, Нил Хендерсон. Тој напишал или бил котекстописец на песни за Middle of the Road, како: „Rockin' Soul“ и „Everybody Loves a Winner“ и на албумите од 1974 година, You Pays Yer Money и You Takes Yer Chance и Postcard.
Кар ја напуштила групата во 1977 година и била заменета со Линда Керол, која пеела на албумот Something Old Something New (1981) и на неколку синглови издадени од 1977 до 1981 година. Керол ја напуштила групата во 1981 година.
Во 2016 година, гитаристот од Middle of the Road, Јан Мекреди, во име на групата ја примил наградата „Живи легенди“ доделена на Шкотските музички награди во Глазгов. Во 2017 година, Middle of the Road го објавиле нивниот прв сингл по повеќе од 20 години, снимка во живо на нивниот хит од 1970-тите „Soley Soley“.
Членови
уредиСегашни членови
уреди- Сали Кар (родена како Сара Сесилија Кар, 28 март 1945 година, Муирхед, Ланаркшир) – пејачка, удирачки инструменти (1968–1977, 1981, 1991, 2017–сега) [4]
- Кен Ендру (роден Кенет Балентин Ендрју, 28 август 1942 година, Бирсден, Глазгов) – тапани, придружен вокал (1968–1978, 1981, 1991, 2017–сега) [4]
- Ијан Мекреди (роден Ијан Кембел Мекреди, 15 јули 1947 година, Партик, Глазгов) – гитара, флејта, придружен вокал (1968-денес)[4]
- Лорна Озборн (родена Лорна Банон) – пејачка (1981–денес) [5]
- Стјуарт Мекреди – гитара, придружен вокал (1984–денес)[5]
- Стефан Ебн - тапани, придружни вокали (2001–денес)[5]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Middle of the Road (1971)
- Acceleration (1972)
- Drive On (1973)
- Music Music (1973)
- You Pays Yer Money And You Takes Yer Chance (1974)
- Postcard (1974)
- Dice (1975)
- Black Gold (1976)
- Something Old Something New (1981)
- Today (1987)
- A New Chapter (1994)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 298/299. ISBN 0-214-20512-6.
- ↑ Moore-Gilbert, Bart (11 March 2002). The Arts in the 1970s: Cultural Closure. Routledge. ISBN 9780415099066. Посетено на 30 May 2012.
- ↑ „Thank you for the music: How Scots band Middle Of The Road inspired Abba“. The Sunday Post. 15 July 2018. Посетено на 10 May 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Footalk (2020-02-11). „Tartan Rocker: Middle of the Road (Sally Carr)“. Tartan Rocker. Архивирано од изворникот на 2022-12-12. Посетено на 2022-12-12.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „The Band“. Middle of the Road (англиски). Посетено на 2022-12-12.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Middle of the Road на Discogs (англиски)