Microsoft say Macedonia
Микрософт кажи Македонија! / Microsoft say Macedonia! — кампања која се залага за употреба на уставното име на Република Македонија во системскиот и апликативен софтвер на корпорацијата Микрософт.
Кампањата започна на 17 јуни 2007 година со отворање на нејзината официјално мрежно место Архивирано на 2 април 2008 г..
Целта на кампањата е анимирање на институциите во Република Македонија, како и целокупната македонска јавност за наоѓање трајно решение за употребата на уставното име на Република Македонија во софтверските решенија на корпорацијата Микрософт.
Став на кампањата е дека Микрософт во последниве десетина години гради непринципиелна политика кон Република Македонија, бидејќи наместо да го користи нејзиното уставно име, ја користи референцата ПЈРМ. Потврда на овој став кампањата гледа во фактот дека Микрософт во својата најнова верзија на оперативен систем Windows Vista, како и во сите останати програмски пакети и понатаму ја користи референцата ПЈРМ. Кампањата воедно се залага наместо FYRO Macedonian во листата со јазици во истите производи да стои само Macedonian, односно македонски јазик.
Предвидено е кампањата да се одвива во неколку фази, кои подразбираат испраќање дописи и отворени писма до инволвираните инстанци, петиции, повици и други активности.
Идејата на кампањата е да добие континуирана поддршка од пишаните и електронски медиуми во Република Македонија.
Едно од битните обележја на кампањата Микрософт кажи Македонија! / Microsoft say Macedonia! е дека целокупните активности за делување се изведуваат по електронски пат.
На тој начин кампањата сака да даде поддршка на развивањето на информатичкото општество во Република Македонија.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |