Magma CMS — систем за управување со содржини (англиски: Content Management System или скратено CMS) за објавување на содржина на веб и интернет. Напишан е во програмски јазик PHP[2] во техника на објектно-ориентирано програмирање (ООП) со повеќеслојна архитектура на вгнездените модули. Содржи многу додатоци кои доаѓаат со самата платформа, и плус има можност за инсталирање на други додатоци. Поседува висок степен на безбедност, прецизен систем на ауторизација, прегледно разврстување и филтрирање на содржините со различни сетови на критериумите[3]. За чување на содржините користи UTF-8 кодна страница, што го прави погодно за меѓународна примена.

Magma CMS™
Изворни авториMagma
Првично издание2003.[1]
Стабилно издание3.0.1 / 1 ноември 2011.
Прог. јазикPHP
ПодлогаPHP/MySQL
Големина1.5 MB
Мреж. местоwww.magmacms.com

ИнсталацијаУреди

Како и повекето други веб инсталации, Magma CMS може да се покрене на LAMP[2] платформи. Иако најчесто користи MySQL база на податоци, можно е да се користат и други релациони бази на податоци.

ЈадроУреди

Основната инсталација на Magma CMS поседува можности који се прифатени као стандард во модерните системи за управување на содржините. Некој од нив се[4]:

  • Администрација
  • Регистрација на кориснички сметки
  • Управување на кориснички сметки
  • Ауторизација и контрола на пристапот
  • Модификација на структурите на страницата
  • Менаџмент на написи
  • Менаџмент на сликата со авотоматска промена на големина
  • Менаџмент на видео клипови и документи
  • Повеке јазична подршка
  • Едноставна навигација
  • Флексибилна структура на сајтот
  • Класификација на содржините на повеке различни критериуми
  • Филтрирање и сортирање на содржината
  • Мегусебно поврзување на написи и означување
  • СЕО оптимизација на веб сајтот и алати за СЕО

ПрименаУреди

Magma CMS може да се користи за изработка на различни видови веб сајтови, веб портали, као блог платформа или веб заедница. Брз е, што го прави погоден за изработка на веб портали со голем број на посетители. Во Magma CMS е интегриран поголемиот број работни и комерцијални апликации[3][5].

МодулиУреди

На корисниците им е достапен поголем број на модули кои ги задоволуваат опстите потреби, како на пример систем за објавување на написите, неколку различни видови на огласи, систем за класификација и пребарување на содржините, управување со банери, статистика и автоматска изработка на динамичките мапи на сајтот[6].

ШаблониУреди

HTML кодот е базиран на CSS и во потполност е одвоен од јадрот. Со тоа е овозможено на веб дизајнерите да модифицираат веќе постоечки и создаваат нови теми без познавање на програмирањето. Шаблоните се дизајнирани со техника на прилагодлив веб дизајн, со што е постигнат оптимален приказ на веб апликацијата без оглед на голеимната на екранот (десктоп, лаптоп, таблет, смартфон)[3][7]:

НаводиУреди

  1. „Magma CMS History“. 7.10.2014. 
  2. 2,0 2,1 „Magma CMS Technical Requirements“. 7.10.2014. 
  3. 3,0 3,1 3,2 М. Добројевић (2013). 14. Меѓународен симпозиум Синергија 2013.. Биелина, БИХ: Универзитет Синергија. стр. 265. ISBN 978-99955-26-32-0. http://www.singipedia.com/attachment.php?attachmentid=3346&d=1390414076. посет. 7 октомври 2014 г. 
  4. „Magma CMS Features“. 7.10.2014. 
  5. „Magma Products“. 7.10.2014. 
  6. „Magma CMS Modules“. 7.10.2014. 
  7. „Magma CMS Responsive design“. 7.10.2014.