Macrophya tenella
Macrophya tenella | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Macrophya |
Вид: | M. tenella |
Научен назив | |
Macrophya tenella (Mocsary, 1881) |
Macrophya tenella е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.
Живеалиште
уредиГеографски осата се среќава во Унгарија и во Македонија.[1]
Биологија
уредиГлавата им е црна а од горе блескава, горната усна, клипеусот и основата на мандибулите се бледожолти, антените црни и покуси од главата и градите. Градите се црни, работ на пронотумот, тегулите попречниот појас на мезоплеурите и епистернумот на метаплеурите бледожолти. Мезонотумот пунктиран и блескав. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата темнокафеави.[1] Нозете бледожолтеникави, основата на предните кокси, горниот и долниот дел на задните кокси, делумно предните тибии, врвовите на задните тибии и сите тарзуси црни. Абдоменот црн, задните рабови на тергитите жолтеникави, долниот дел на абдоменот исто така, со жолтеникави задни рабови на стернитите. Деветтиот сегмент во поголемиот дел жолт.[1]
Ларвите и биологијата на видот се непознати.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 236