Macedoniae Acta Archaeologica e периодично археолошко списание на Македонското научно археолошко друштво[1]. Првиот број бил објавен во 1975 година во Прилеп чиј уредник бил уредник Бошко Бабиќ, а досега (состојба 2010) се објавени 17 броја. Во списанието се публикуваат резултатите од истражувањата на археолозите од Македонија и од странство презентирани на научните симпозиуми на МАНД, како и научни прилози од археологијата, нумизматиката, епиграфијата, антропологијата, старата историја и другите помошни дисциплини. Списанието се печати на македонски со резиме на странски јазик.

Насловната страна на списанието

Наводи уреди

  1. „Macedoniae Acta Archaeologica“ (англиски). Bibliographic Records of the Ancient World Mapping Center. Архивирано од изворникот на 2011-04-12. Посетено на 2010-08-24.

Надворешни врски уреди