Самит на Г-20 во Лондон 2009

(Пренасочено од London summit)

Г-20 самитот на водачи за финансиските пазари и светската економија се одржа на 2 април 2009 година во Excel центарот во Лондон. Овој самит беше продолжение на првиот Г-20 Самит на водачите на финансиските пазари и Светската економија, одржан на 14-15 ноември 2008 година во Вашингтон.На него учествуваа шефови на влади или шефови на држави од групата на Дваесет министри за финансии и гувернери на Централната банка (Г-20), плус некои регионални и меѓународни организации. Поради зголеменото членство овој самит беше наречен Лондонски самит. Полициската тактиката на настанот предизвика некои контроверзии, особено по смртта на Ијан Томлинсон(Ian Tomlinson).

Програма

уреди

Како домаќин, британското Министерство за Финансии подготви проширена програма каде што ги предложи прашањата кои треба да се обработат на Лондонскиот самит:

  1. Координирани макро-економски активности за заживување на светската економија, стимулирање на порастот и вработувањето - преглед на преземените мерки и можни понатамошни чекори.
  2. Реформирање и подобрување на финансискиот сектор и системи – кои ќе продолжат да напредуваат со Акциониот план од самитот во Вашингтон
  3. Реформирање на меѓународните финансиски институции - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Форумот за финансиска стабилност (ФФС) и Светската банка .

Подготовка

уреди

Водачите на земјите- членки почна да се подготвувааат за Лондонскиот самит неколку месеци пред неговото одржување, особено со двата официјални состаноци посветени на таа подготовка, од кои едниот се одржа на 22 февруари 2009 г. во Берлин, Германија, за европските ледери, а другиот на 14 март 2009 г. во Хоршам, Сасекс, Велика Британија, за министрите за финансии.

Самит на европските водачи

Водачите на четирите земји од Европската унија, членки на Г-20, Франција, Германија, Италија и Велика Британија заедно со двете најголеми земји кои не се членки на ЕУ, Шпанија и Холандија, се сретнаа на 22 февруари 2009 год во Берлин со цел да се подготват за Лондонскиот самит и да ги координираат активностите. Средбата беше организирана по иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркер. Водачите се согласија дека пазарите, финансиските институции и финансиските средства со широкиот опсег што тие ги создаваат како и сигурните фондови ,треба да бидат предмет на соодветна контрола. Покрај тоа, тие повикаа на ефективни санкции против даночните обврзници. Исто така се согласија да воведат санкции против земјите коишто имаат намера да ја нарушуваат нивната работа. На крај, тие се залагаа за удвојување на средствата кои му стојат на располагање на ММФ.

Самит на европските водачи

уреди

Министрите за финансии и централните банкари на Г-20 се состанаа на 14 март 2009 г. во Хоршам за да се подготват за Лондонскиот самит. За што е можно побрзо да се зголеми глобалниот раст, учесниците одлучија да одобрат координирани и решителни акции со цел да се стимулира побарувачката и вработувањето. Тие, исто така, ветија дека ќе се борат против сите форми на протекционизам и дека ќе ја одржуваат трговијата и странските инвестиции. Членовите исто така, се обврзаа дека преку обезбедување поголема ликвидност и рекапитализација на банкарскиот систем ќе ја одржуваат понудата на кредити, како и дека брзо ќе ги спроведат стимулативните планови. Што се однесува до централните банкари, тие ветија дека ќе ја одржуваат политиката на ниски камати онолку време колку што е потребно. На крај, водачите одлучија преку зајакнување на ММФ, да им помогнат на земјите во развој, За зајакнување на финансискиот систем, учесниците предложија соодветно регулирање на сите важни финансиски институции, регистрирање на сите сигурни фондови или на нивните менаџери и нивно принудување да обезбедат соодветни информации за ризиците коишто ги преземаат. Тие предложија имплементирање на регулатива со која ќе се спречат системските ризици и со која ќе се држат под контрола бизнис циклусите, вклучувајќи го и ограничувањето на моќниот ефект, кој ги засилува циклусите. Тие најавија нови мерки за спречување и решавање на кризи, преку зајакнување на ММФ и ФСС. Тие се согласија да ги контролираат агенциите со кредитна способност и нивната усогласеност со Кодексот на однесување на Меѓународната организација на безбедносните комисии ; пазарите на кредит-деривати , и не- кооперативните територии. Состаноци пред самитот организирани од страна на Гордон Браун Неколку недели пред самитот во Лондон, премиерот на Велика Британија,Гордон Браун, посети неколку земји на трите континенти со цел да обезбеди поддршка на своите цели на Лондонскиот самит.. За време на посетата ,по критиките од страна на гувернерот на Банката на Англија, Браун беше принуден повторно да го појасни неговиот став за фискалните стимулации. За врема на говорот во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, тој беше предизвикан околу неговите планови за трошење од страна на пратеник. Тој, исто така ги посети САД, Бразил, Аргентина и Чиле. Силно го нападна протекционизмот велејќи: "Една од пораките што мора да произлезат од самитот кој ќе се одржи идната недела е дека ние ќе ги отфрлиме земјите- приврзаници на протекционизмот, ќе ги надгледуваме овие земји и ако е потребно ќе ги означиме и посрамотиме земјите кои нема да ги спороведаат плановите за слободна трговија. Во седмиците кои му претходеа на самитот во Лондон, се зголемуваше разликата во мислењата околу прашањето за спроведување на понатамошни фискални стимуланси. Британското и американското раководство биле за друга рунда стимулативни пакети со кои ќе се стимулира глобалната економија,додека пак француското и германското раководство поради зголемениот долг што овие мерки ќе го предизвикаат остро се спротивставиле. На 26 март 2009 г. чешкиот премиер Мирек Тополанек(Mirek Topolanek) жестоко ја критикуваше економската експанзивна политика на американскиот претседател Барак Обама. Самитот

Присутните водачи на членките на Г-20 на самитот во Лондон

уреди

Водачите на Г-20 започнаа да пристигнуваат во Лондон на 1 април 2009 година. Пред тргнувањето за Лондон, францускиот претседател Никола Саркози сугерираше дека доколку не се постигне значаен договор, Франција ќе го напушти самитот имитирајќи го гестот "празно столче" на францускиот претседател Charles de Gaulle од 1965 година. На заедничката прес-конференција во Лондон, Браун и Обама рекоа дека разидувачките предлози се пренагласени. Саркози присуствуваше на посебна прес-конференција со Меркел, на која и двајцата ги повторија апелите за на самитот да се договори построга регулација на финансиските пазари и ги повторија нивните спротивставувања за понатамошни пакети за финансиска стимулација. Вечерта на 1 април водачите присуствуваа на прием во Бакингемската палата ,подготвен од кралицата Елизабета II. За време фотографирање,таа во обид да го привлече вниманието на претседателот Обама,благо го прекори италијанскиот премиер Силвио Берлускони за премногу гласно викање.Приказната беше проследена од италијанските медиуми,и искористена од страна на противниците кои остро го прекорија Берлускони. По приемот во палатата, водачите вечераа на 10-тата Даунинг стрит 10(10 Downing Street), каде што храната ја подготви Џејми Оливер( Jamie Oliver). Самитот започна утрото на 2 април и се одржа во Excel-центарот, во Custom House, Источен Лондон.

  • Аргентина претставена од Претседателката Кристина Фернандес де Кирхнер (Cristina Fernández de Kirchner)
  • Австралија претставена од Премиерот Келвин Руд(Kevin Rudd)
  • Бразил претставен од Претседателот Луиз Инацио Лула де Силва(Luiz Inácio Lula da Silva)
  • Канада претставена од премиерот Стивен Харпер (Stephen Harper)
  • Народна Република Кина претставена од претседателот Ху Јинтао( Hu Jintao)
  • Франција претставена од претседателот Никола Саркози(Nicolas Sarkozy)
  • Германија претставена од канцеларката Ангела Меркер( Angela Merkel)
  • Индија претставена од премиерот Манмохан Синг( Manmohan Singh)
  • Индонезија претставена од претседателот Сусило Бамбанг Јудхојоно (Susilo Bambang Yudhoyono)
  • Италија претставена од премиерот Силвио Берлускони( Silvio Berlusconi)
  • Јапонија претставена од премиерот Таро Асо(Taro Aso)
  • Мексико претставено од претседателот Фелипе Калдерон(Felipe Calderón)
  • Холандија претставена од премиерот Жан Петер Балкененде(Jan Peter Balkenende) *
  • Јужна Кореја претставена од претседателот Ли Мјанг Бак(Lee Myung-bak)
  • Русија претставена од претседателот Димитриј Медведев(Dmitry Medvedev)
  • Саудиска Арабија претставена од кралот Абдула бин Абдул Азис(Abdullah bin Abdul Aziz)
  • Јужна Африка, претставена претседателот Кгалема Мотланте( Kgalema Motlanthe)
  • Шпанија претставена од премиерот Хосе Луис Родригес Запатеро(José Luis Rodríguez Zapatero) *
  • Турција претставена од премиерот Рецеп Тајип Ердоган( Recep Tayyip Erdoğan)
  • Обединетото Кралство претставено од премиерот Гордон Браун( Gordon Brown) (домаќин)
  • Обединетите Американски Држави претставени од претседателот Барак Обама(Barack Obama)
Забелешка: Земјите обележани со * не се членки на Г-20.

Регионални Претставници

уреди
  • Ново партнерство за развој на Африка (NEPAD) претставено од претседателот на NEPAD Мелес Зенави(Meles Zenawi), (и премиер на Етиопија)
  • Здружение на народите од Југоисточна Азија (АСЕАН) претставено од престедателот на АСЕАН Абисит Вејајива(Abhisit Vejjajiva) , (и премиер на Тајланд)
  • Европската унија (Европската комисија) претставена од Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо(José Manuel Barroso)
  • Европската унија (Европскиот совет) претставена од претседателот на Европскиот Совет Мирек Тополанек(Mirek Topolánek), (и премиер на Чешка)

Меѓународни институции

уреди
  • Обединетите нации претставени од генералниот секретар Бан Ки Мун( Ban Ki-moon)
  • Светската банка претставена од претседателот Роберт Зоелик( Robert Zoellick)
  • Меѓународниот монетарен фонд, претставен од управниот директор Доминик Штраус-Кан(Dominique Strauss-Kahn)
  • Светската трговска организација претставена од директорот Паскал Лами (Pascal Lamy)
  • Форумот за Финансиска стабилност претставен од претседателот Марио Драги (Mario Draghi)

Безбедносна операција

уреди

Безбедносната операција, операција Glencoe, предводена од командантот Боб Бродхурст(Bob Broadhurst), беше предвидено да чини £ 7.2 милиони евра. Шест полициски сили биле употребени за време на операцијата: полицијата на Метропилит,полицијата на Лондон, британската полиција за транспорт,полицијата на Есекс и полицијата на Бедфорхшарј.Освен нив беа употребени и некои единици на Министерството за одбрана. Тоа се највисоките трошоци за безбедност во британската историја.

Протести

уреди

Самитот стана цел на протестанти од голем број на различни групи за бројни долготрајни и актуелни прашања. Овие протести потекнаа од несогласувањата околу економската политика, банкарскиот систем како и платите и бонусите на банкарите, продолжената војна против тероризмот и загриженоста околу климатските промени. Иако поголемиот дел од протестите и демонстрантите беа мирни,имаше и случаи на насилни и криминални оштетувања кои доведоа до употреба насила за да се контролираат демонстрантите.

Смртта на Јан Томлинсон

уреди

Ијан Томлинсон,продавач на весници во Лондон, почина во полицискиот кордон на протестот против Г-20 во Мелтдаун(Meltdown) во близина на Банката на Англија. Првично, Лондонската полицијата негира дека се случил каков било инцидент. Сепак, снимките, фотографиите и сведочења од очевидци беа објавени во медиумите, и Независната комисија за поплаки од полицијата(НКОЈ), потврди дека Томлинсон бил соборен од страна на полициски службеници неколку минути пред тој да падне и почине од срцев удар.. Дополнителните наоди дека Томлинсон бил удрен со пендрек беа потврдени по објавувањето на дополнителна видео снимка. Потоа НКПЈ наредила втора и независна кривична истрага,која довела до наоди дека иако “постојат докази за коронарна атеросклероза" и ,,што веројатно не била причината за смртта” и дека " причината за смртта е абдоминалната хеморагиja.

Резултат

уреди

Финансиски обврски

уреди

Водачите на Г-20 - и покрај очигледните несогласувања помеѓу Обединетото Кралство и САД, кои сакаа голем финансиски стимуланс, и Франција и Германија, кои сакаа построга финансиска регулатива - постигнаа договор кој, во принцип, предвидува1.1 трилиони американски долари за различни програми наменети за подобрување на меѓународните финансии, кредитите, трговијате и вкупната економска стабилност и обновување. Програмите вклучуваат:

  • 500 милијарди американски долари за зголемување на ресурсите, ветени од страна на членовите на Новите Аранжмани за Позајмување, што е олеснителна оклност за ММФ да им дава пари на економиите кои се соочуваат со проблеми,
  • 250 милијарди американски долари за ветувања за зголемување на финансиската трговија,
  • Распределба на 250 милиони американски долари кои произлегуваат од Специјалните Права, кои им даваат право на членовите на ММФ да ги намалат странските валути во криза,
  • 100 милијарди долари за мултилатералните банки во развој да им позајмат на сиромашните земји.

Исто така беше постигнат договор чија цел е да донесе поширока глобална регулација на сигурните фондови и агенциите со кредитна спосообност ,што претставува заеднички пристап за чистење на токсичните банковни средства. Водачите на Г-20, исто така, се согласија да се воспостави стабилност на финансискиот форум кој работи со ММФ, за да се обезбеди поширока глобална соработка и да се обезбеди систем за рано предупредување за идните финансиски кризи. Нема зелена политика. И покрај повиците за нов зелен договор од Гринпис(Greenpeace ) и други општи политички кампањи во врска со еколошките проблеми, ниту еден од американските1.1 трилион стимул пакети не беше наменет за инвестиции во природата,а не беше потпишан ниту уште еден договор од ваков тип.


Намаленото влијание на САД

уреди

Еден од општите договори на Лондонскиот самит е дека треба да има повеќе владини прописи за бизнисот, при што постоеше мислење дека САД веќе нема да доминираат. Коментирајќи за самитот, потпретседателот на Goldman Sachs International Роберт Хормат(Robert Hormats),рече дека "САД стануваат се помалку доминантни, додека другите народи добиваат сè поголемо влијание." Влијание на Кина Влијанието на Кина беше многу очигледно за време на Г-20 при што некои коментатори велат дека Г-20 повеќе изгледал како г-20.