Фунта-сила

(Пренасочено од Lbf)

Фунта-сила (симб. lb, lbf, lbf) е единица за сила од некои системи како англиските инженерски единици и британските гравитациски единици.[1]

Дефиниции

уреди

Фунтата-сила е еднаква на гравитациската сила што дејствува врз предмет со маса од една фунта на површината на Земјата.

Единциата ја определува забрзувањето на стандардното гравитациско поле (gn) и меѓународната фунта (lbm):[2]

 
 
 

Фунтата-сила може да се изрази и со единицата за маса слаг. Еден слаг е еднаков на 32,174049 lbm. Една фунта-сила е количеството на сила потребно еден слаг да се забрза со стапка од 1 ft/s2, па така:

 
 

Претворање во други единици

уреди
Единици за сила
њутн (SI) дин килопонд фунта-сила фунтал
1 N ≡ 1 kg·m/s² = 105 dyn ≈ 0,10197 kp ≈ 0,22481 lbF ≈ 7,2330 pdl
1 dyn = 10−5 N ≡ 1 g·cm/s² ≈ 1,0197×10−6 kp ≈ 2,2481×10−6 lbF ≈ 7,2330×10−5 pdl
1 kp = 9,80665 N = 980665 dyn gn·(1 kg) ≈ 2,2046 lbF ≈ 70,932 pdl
1 lbF ≈ 4,448222 N ≈ 444822 dyn ≈ 0,45359 kp gn·(1 lb) ≈ 32,174 pdl
1 pdl ≈ 0,138255 N ≈ 13825 dyn ≈ 0,014098 kp ≈ 0,031081 lbF ≡ 1 lb·ft/s²

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Obert, Edward F., “THERMODYNAMICS”, D.J. Leggett Book Company Inc., New York 1948; Гл. I, Survey of Dimensions and Units, стр. 1-24.
  1. Инженерски алатник (англиски)
  2. Меѓународната фунта изнесува точно 0,45359237 кг.