Кул џез е стил на џез кој настанал во доцните 1940-ти години, во Америка, на западниот брег, по Втората светска војна. Како основач најчесто се зема Мајлс Дејвис. Други познати музичари од овој стил се Пол Дезмонд, Стен Гец и Дејв Брубек.

Кул џез е инспириран од бибоп и биг бенд[1] и се карактеризира со релаксирачко темпо и полесни тонови од оние што се користеле за бибоп стилот. Често во овој стил се вметнуваат елементи од класична музика. Овој жанр често означува во поширока смисла било кој џез стил кој се појавил по војната.[2]

Терминот кул почнал да се употребува за овој жанр на музика околу 1953 година, кога Капитал Рекордс го издал албумот Classics in Jazz: Cool and Quiet.[3]

Надворешни врски

уреди
  1. Calkins, Caroll C.; Balaban, Priscilla B.; Kelleher, Mary; Latham, Frank B.; Conefrey, Rosemarie; Huber, Robert V.; Pace, Georgea A.; Woodward, Robert J., уред. (1975). The Story of America. United States: Reader's Digest. стр. 398–399.
  2. Gridley, Mark C. (2012). Concise Guide to Jazz. Pearson College Div. стр. 127. ISBN 978-0-205-93749-3.
  3. Martin, Henry and Keith Waters, Jazz: The First 100 Years, 2nd ed. Boston: SCHIRMER CENGAGE Learning, p. 224.