Kаролина Линдстром

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Каролина Линдстром, моминско Лундстром (1812-1892),- шведска дизајнерка на шапки. Таа во Стокхолм била позната како „Вечерна ѕвезда“, бидејќи често била гледана како работи во текот на ноќта.

Каролина Линдстром, дрворез од Гунар Форсел.

Живот

уреди

Нејзината мајка била деловна жена и таа самата заштедила пари додека не можела да си дозволи да стане ученичка на производителот на шапки во Стокхолм, една Французинка.

Линдстром имала своја продавница на улицата Вестерланггатан бр. 40 во 1842 година. Таа имала голема мрежа од контакти; по смртта на кралот во 1844 година, таа била предупредена од кралските чувари во кралската палата, така што била во можност да ги набави сите црни ленти за жалост од другите дизајнери на шапки во главниот град, пред смртта да биде јавно позната. Таа била многу успешна и отворила втора продавница во Хорнсгатан. Во 1847 година, таа се омажила за човек кој ги расфрлил сите пари за коцкање, но таа брзо ги вратила.

Во 1892 година, таа го препуштила својот бизнис на еден од нејзините помошници и купила место за себе во пензионерскиот дом во Стокхолм за трговци вдовици; сепак, таа починала неколку месеци по пензионирањето.

Нејзиниот бутик била, во 1995 година, најстарата модна продавница во Стокхолм.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

 

Книжевност

уреди
  1. Lisbet Scheutz (2001 (2003) nuytgåva). Berömda och glömda stockholmskvinnor: sju stadsvandringar: 155 kvinnoporträtt. Stockholm: MBM. ISBN 91-973725-3-6 Libris 8392583