Јозеф Лунс

(Пренасочено од Joseph Luns)

Јозеф Мари Антоан Хуберт Лунс (28 август 1911 – 17 јули 2002 година)  бил холандски политичар и дипломат на денес непостоечката Католичката народна партија (KVP), која сега е споена во Христијанска демократска партија (CDA). Лунс бил еден од најпопуларните холандски политичари отсекогаш, познат по неговиот црн хумор и подготвените јазични досетки. Тој бил дел од вкупно осум кабинети и останал во канцеларија деветнаесет години континуирано, и бил најдолг период на служба како холандски Министер за надворешни работи, од 2 септември 1952 до 6 јули 1971 година. Тој се повлекол од  политиката и стана петтиот (и, исто така, најдолго на служба) Генерален секретар на НАТО во период од 13 години, од 1 октомври 1971 до 25 јуни 1984 година.

Екселенција
Јозеф Лунс
Јозеф Лунс во 1979
Генерален секретар на НАТО
На должноста
1 октомври 1971 – 25јуни 1984
Претходник Манлио Бросио
Наследник Питер Карингтон
Министер за надворешни работи на Холандија
На должноста
13 октомври 1956 – 6 јули 1971
Претходник Јохан Бејен
Наследник Норберт Шмелзер
Собрание на Холандија
На должноста
11 мај 1971 – 1 October 1971
На должноста
23 февруари 1967 – 5 април 1967
На должноста
3 јули 1956 – 3 октомври 1956
Министер за надворешни работи на Холандија
На должноста
2 септември 1952 – 13 октомври 1956
Премиер Вилем Дрес
Претходник Елко ван Клефенс (1947)
Наследник Office Discontinued
Лични податоци
Роден(а) Јозеф Мари Антоан Хуберт Лунс
28 август 1911(1911-08-28)
Ротердам, Холандија
Починал(а) 17 јули 2002(2002-07-17) (возр. 90)
Брисел, Белгија
Националност Холанѓанец
Партија Католичка народна партија
(1945–1974)
Други припадности Римокатоличка државна партија
(1938–1945)
Деца 2
Установа Универзитет во Амстердам
(Доктор на правни науки)
Универзитет Лејден
Економска школа Лондон
Занимање политичар · дипломат · Државна служба
Потпис

Животопис

уреди

Лунс  е роден во Римокатоличко, франкофонско и уметничко семејство.[1] Учел  средно образование во Амстердам и Брисел. Тој се одлучил да стане офицер на холандската кралската морнарица, но се пријавил премногу доцна за да биде избран. Затоа, Лунс  студирал право, во  Универзитетот во Амстердам од 1932 до 1937 година.[2]

Како неговиот татко, Лунс исто така  покажал желба за конзервативни и авторитетни политички партии и интерес во меѓународната политика. Како млад студент  себеси се пронашол во политичкото право, фаворизирајќи го силниот авторитет на државата и бил на мислење дека социјализмот, поради неговата идеалистичка идеологија, го поттикна подемот на фашизмот и нацизмот. Лунс  бил тивок член на Националното социјалистичко движење во Холандија (NSB), но го напуштил во 1936 година пред оваа партија да избере силен антисемитистички правец.[3]

Генерален секретар на НАТО (1971-1984)

уреди

Во 1971 година, Лунс бил назначен за Генерален секретар  на НАТО. Во времето на неговото назначување,се случувале јавни протести против американската политика во Виетнам низ Западна Европа. Иако имало првични сомневања за неговите вештини за работа, тој наскоро се покажал дека  бил способен за менаџирање на алијансата во криза. Се сметал себеси како  портпарол на алијансата и бил насочен кон балансирање на безбедноста и политичките интереси на алијансата како целина.

Наводи

уреди
  1. Kersten, A.E., Luns. A political biography. Amsterdam 2010 p.26-28
  2. „Mr. J.M.A.H. (Joseph) Luns“ (холандски). Parlement & Politiek. Посетено на 10 February 2018.
  3. Kersten, A.E., Luns. A political biography. Amsterdam 2010 p.42-44.

Надворешни врски

уреди
  • (холандски)

Г-Дин J. M. A. H. (Јосиф) Лунс (Парламент и политика)