Je te veux
„Je te veux“ („Те сакам“) — песна компонирана од Ерик Сати на текст на Анри Пакори. Сентиментален валцер со еротски текстови, бил напишан за Полет Дарти (Paulette Darty ), чиј придружник бил Сати одреден период. Текстот се состои од два стиха и рефрен.
Дарти првпат ја извела песната во 1903 година во Скала (Scala (Paris) ), тогаш популарно кабаре во Париз. Во 1925 година, песната била снимена во изведба на Ивон Жорж. Други значајни пејачи кои ја извеле песната се Мате Алтери, Режин Креспен, Николај Геда, а подоцна и Џеси Норман, Мари Девелеро и Анџела Георгиу. Џез-вокалистката Сесил Меклорин Салвант ја извела песната на албумот Гваш на Џеки Терасон од 2012 година. Џон Кејџ го инструира изведувачот да направи верзија за пијано и вокал како дел од неговите девет кратки песни, „Sonnekus²“ (1985).[1]
Песната беше регистрирана во Здружението на музички автори, композитори и издавачи (SACEM, Société des auteurs, compositeurs et éditeurs de musique) на 20 ноември 1902 година, но Алексис Ролан-Мануел тврдел дека всушност била компонирана во 1897 година. Сати компонирал различни верзии на валцерот „Je te veux“: за пијано и вокал, за оркестар од дувачки инструменти и за целосен оркестар (вклучувајќи трио). Верзијата за пијано и вокал првпат била објавена во 1903 година [2] Подоцна композиторот го преработил делото за соло пијано, додавајќи среден дел помеѓу вториот рефрен и вториот стих.[се бара извор]
Текст
уредиФранцуски | Превод на македонски |
---|---|
Refrain: |
Рефрен: |
Наводи
уреди- ↑ „Sonnekus²“. johncage.org.
- ↑ Gillmor, Alan M. (1992). Erik Satie (2. изд.). Twayne Pub. стр. 281. ISBN 0-393-30810-3.