Меѓународна стандардна назнака за имиња
ISNI
(Пренасочено од International Standard Name Identifier)
Меѓународна стандардна назнака на имиња, скрат. ISNI (од англиски: International Standard Name Identifier) — единствен број на создавачи на и учесници во медиумски содржини како книги, телевизиски емисии и статии во весници. Се состои од 16 цифри во четири блока.
Осмислен е од поткомисијата 9 на техничката комисија 46[1] при Меѓународната организација за стандардизација (ISO) како меѓународен стандард,[2] а објавен во конечен облик на 15 март 2012 г.
ISNI се користи за уточнување и појаснување на имиња што се подложни на забуна и дава врски до податоците за тие имиња собрани и во употреба од сите гранки на медиумите.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ службено име: TC 46/SC 9
- ↑ Нацрт-меѓународен стандард 27729 (англиски)
Надворешни врски
уреди- Матична страница (англиски)
- Меѓународна организација за стандардизација (англиски)