Инди-рок

(Пренасочено од Indie rock)

Инди-рок (на англиски: Indie rock) е рок-музика што припаѓа во рамките на инди музиката. Терминот некогаш се користи за означување на инди музиката во целост, иако поспецифично имплицира дека музиката ги задоволува критериумите да се нарече рок, како спротивставено на инди поп или други значења. Овие критериуми варираат од потенцирање на рок инструментите (електрични гитари, бас гитари, тапани, и вокали) до поапстрактни (и спорни) рокистички конструкции за автентичност.

Sonic Youth
Arcade Fire
The Postal Service
Moonlander, Lee Ranaldo, Sonic Youth & Moodswinger, Liars

Музиката што вообичаено се смета за инди рок потекнува од тоа што било познато како алтернативен рок во текот на 1980-ти]]те; ова име се однесува на фактот што тој бил алтернатива на мејнстрим рокот. Алтернативните бендови во тоа време, пак, биле под влијание на панк рок, пост-панк и новобрановите движења од 1970-тите и раните 1980-ти. Во текот на првата половина на 1990-тите алтернативната музика, предводена од гранџ бендовите како Nirvana (Нирвана) и Pearl Jam (Перл Џем), продреле во мејнстримот и оствариле успех на комерцијалните топ листи. Набрзо, алтернативниот жанр станал комерцијализиран, бидејќи мејнстрим успехот привлекол големи продуцентски куќи кои инвестирале во комерцијално ориентирани песни со конзервативен пристап. Со ова, значењето на терминот "алтернативно" го променил своето оригинално контракултурно значење, и терминот "инди рок" почнал повеќе да се употребува.

"Инди рок" е скратено име за "индипендент рок" (на англиски: independent rock, независен рок), тоа доаѓа од општото правило дека најголем број од музичарите имаат потпишано договори со независни дискографски куќи, наместо со главните дискографски куќи. Тоа не е строго жанр на музика (бидејќи музичкиот стил и независноста не се секогаш во корелација), но често се користи како групен термин што покрива широк спектар на музичари и стилови, поврзани со некој степен на посветеност на вредностите на андерграунд културата, и (најчесто) можат да се опишат како рокенрол. Жанрови и поджанрови поврзани со инди рокот се лоу-фај, пост-рок, шугејзер, гараж панк, емо, седкор, Це86, тви поп, и мет рок; други поврзани категории се алтернативен рок и инди поп.

Обично, инди музичарите му придаваат големо значење на одржувањето на комплетна контрола на нивната музика и кариери, често издавајќи албуми во нивни сопствени независни дискографски куќи и се потпираат на концертни тури, пропаганда уста-на-уста, и емитување во независни или колеџ радиостаници како промоција. Некои од попопуларните музичари, сепак, може да потпишат договори со поголемите дискографски куќи, но најчесто по поповолни услови здобиени како резултат на нивниот претходен независен успех.

Tijdlijn

уреди
Liars (band)DeerhoofMogwai (band)Blonde RedheadMelt BananaShellac (band)Atari Teenage RiotUnwoundSmog (band)SlintSlintNirvanaFugaziJesus and the Mary ChainSonic YouthButthole SurfersNick CaveEinsturzende NeubautenPublic Image Ltd.Half JapaneseThrobbing GristleFaust (band)Velvet Underground