Imperia Online
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Imperia Online е масовна повеќеиграчка семрежна стратегиска игра во реално време, разработена од бугарската компанија за софтвер Империја Онлајн АД. За првпат се појавува на 23 август во 2005 година.[1][2] Во Imperia Online доминира воената стратегија, типична за епохата на средниот век.[3] Imperia Online има над 20 милиони регистрирани корисници и е преведена на 30 јазици.[4][5] Играта моментално е во шестата верзија, но сѐ уште има активни светови од верзија 5.
Изворни автори | Доброслав Димитров, Мони Дочев |
---|---|
Програмери | Империја Онлајн АД |
Првично издание | 23 август 2005 |
Подлога | Web browser |
Вид | Масовна мултиплеер оналјн стратешка игра во реално време реално време |
Лиценца | Freemium |
Мреж. место | imperiaonline.org |
Играчки процес
уредиИмперија Онлајн е одраз на Средновековниот свет. Најактуелната - 6-та верзија на играта, се нарекува „Големите луѓе“. Секој играч ја почнува играта како император на неразвиена провинција. Провинцијата може да биде развивана преку изградба, а подоцна и надоградување на различни економски и воени градби, помеѓу кои и градби за производство на ресурси како и универзитети што се користат за истражување на клучни истражувања. Регрутирањето и обуката на воени единици им овозможува на играчите да напаѓаат други провинции за да ги запленуваат нивните ресурси како и да се бранат од непријателски напади. Играчите можат да тргуваат со своите ресурси со други играчи со тоа што ќе изградат пазар на својата територија. Провинцијата расте во империја преку припојување и колонизирање на нови територии. Играчите можат да комуницираат помеѓу себеси преку пораки во играта и можат да се придружуваат во сојузи за воена и економска соработка со други играчи.[6]
Први чекори
уредиИграчите треба да се регистрираат (бесплатно) на ImperiaOnline.org со тоа што ќе обезбедат имејл адреса и ќе создадат корисничко име и лозинка или профил од друштвена мрежа.[7] Веднаш после најавата, играчите го следат советникот што ги води низ основните модули на играта и ги наградува за секоја успешно завршена задача. После советникот се појавуват различни задачи, чиешто завршување ќе доведе до развој на провинцијата. На почеток на играта сите играчи можат да изберат да го искористат периодот за „почетничка заштита“ што ќе го заштитува од непријателски напади.
Ресурси
уредиРесурсите се потребни за развој на провинциите и обука на единиците. Дрвото, железото и каменот се произведуваат во соодветните градби: Пилана, Рудник за железо и Каменолом. Преку надоградување на овие три градби се обезбедуваат повеќе места за работници во нив што ќе доведе и до поголемо производство на ресурси.[8] Четвртиот основен ресурс е златото. Тоа се употребува скоро за секој вид истражување, обука на воени единици и развивање на градби. Исто така тоа е универзалната валута за размена на другите три вида ресурси. Златото се добива од даноци, продажба на ресурси на пазарот, опсади на тврдини, камати од депозити и како една од наградите од различните ковчези што се добиваат како награди во играта. Постојат и таканаречените „Специјални ресурси“ што можат да бидат пронајдени на картата во светот. Има повеќе од 50 вида специјални ресурси и нивната основна цел е да ѝ доделуваат бонуси на целата империја, сврзани со производството на ресурси, воените единици, искуството на Големите луѓе итн.[9]
Градби
уредиИма 29 структури што можат да бидат изградени и надоградени во престолината. Градбите се градат и надоградуваат преку главната градба, наречена „Градски центар“. Двата вида градби се разделени во две подменија - Економски и Воени. Секоја градба има специјална функција. На пример, двата универзитети овозможуваат развој на воени и економски истражувања.
Провинции
уредиСекоја провинција почнува како едно мало село со коешто управува играчот. Изградбата на градби, развојот на истражувања и формирањето на војска помага за проширување на селото на глобалната карта. Понатаму играчот може да припојува нови територии коишто исто имаа статус на провинции. Тие се развиваат како престолнината - се градат и надоградуваат градби, потребна е грижа за населението, а ресурсите и воените единици се употребуваат за доброто на провинцијата. Има неколку разлики помеѓу провинциите и престолнината: универзитетите на пример, не можат да бидат изградени на територија на провинција, истото важи и за дворецот, генералштабот и гувернерскиот штаб, банката, чудата и други. Друг начин за проширување на империјата е преку колонизирање на територии.
Сојузи
уредиСојузите во Imperia Online се групи од играчи што споделуваат слични стратегии за игра. Членовите на сојузот донираат ресурси во сојузната ризница коишто можат да ги инвестираат во сојузни градби и истражувања, објавување на војни, културно и воено влијание во светот. Сојузниците имаат можност да си помагаат преку испраќање на злато еден на друг. Има одделно рангирање за сојузите, коешто е на основа на вкупните нето економски бодови на сојузниците.
Битки
уредиВоениот систем во Imperia Online е богат и комплексен иако е на основа на неколку вида воени единици - мечувалци, копјеносци, стрелци, коњаница и опсадни машини.Воениот систем бара вештина, тактичко мислење, како и употреба на правилната формација бидејќи реузултатот од битката автоматски се одредува за време на ударот и не може да биде директно контролиран[10] Има три вида напади: битка на поле, опсада на тврдина и грабеж. Првиот ги испраќа трупите да се борат само против противничката војска на поле без да ја опсадуваат тврдината или да го убиваат цивилното население. Во овој случај добивка за напаѓачот се воените бодови, добиени за унишени непријателски единици и бодови чест. Опсадата на тврдина се спроведува откако напаѓачот ќе изврши успешна битка на поле. Успешна опсада на тврдина запленува ресурси. Ако напаѓачот избере да изврши грабеж, неговата војска го убива цивилното население и добива злато за секој убиен селанец. Грабежот се казнува со одземање на чест.
Големите луѓе
уредиФункцијата на големите луѓе е претставена во верзија 6 на играта. Тие ја претставуваат концепцијата на благородниците - императорот и неговиот двор, коишто можат да собираат искуство и да зголемуваат нивоа во две различни дисциплини. Гувернерските вештини основно го подобруваат производството на ресурси и единици во провинцијата, а генералските вештини ги подобруваат воените способности. Секој голем човек се раѓа со одредени вродени таленти, затоа внимателниот избор на наследници е клучно за стабилно управување.
Победник во светот
уредиСо почетокот на верзија 5 на играта, победникот во ерата се одредуваше преку сојузен натпревар. За време на овој натпревар сојузите имаа цел да ги покорат замоците во соодветниот свет и да го контролираат влијанието што тие го шират. Најмалку 60% влијание на целата територија на картата за фиксен број часови (во зависност од брзината на светот) беа неопходни за да се извојува победата. Ерата завршуваше откако еден сојуз ќе ги исполни условите за победа. Од почетокот на 2016 година, сите ери во сите светови на Империја Онлајн завршуваат со фиксни датуми, претходно објавени од системот на играта. Победник во светот е сојузот којшто има најголем процент влијание на крајниот датум или оној со најголема вредност во нето економски бодови, ако никој нема влијание.[11]
Глобални настани
уредиГлобалните настани се епски предизвици што Imperia Online им ги нуди на своите играчи. Новите колосални структури за првпат се појавуваат во Верзија 6 и за нив се потребни огромни количества вештини. Мрачната тврдина и Черепот на богатството се само дел од новите настани, што обединуваат цели светови за да бидат покорени.
Историја
уредиИдејата за играта е замислена од Доброслав Димитров кој е одговорен за нејзиниот дизајн и Мони Дочев кој одговара за програмскиот код на проектот.
На 23 август 2005 година во Мрежата стартира првиот свет на Imperia Online[1].
Во 2006 година истовремено почнуваат верзија 2 и верзија 3. Тие се движат паралелно со верзија 1 и предлагаат алтернативен гејмплеј за различните вкусови на играчите. Играта е преведена на 12 јазици благодарение на обожаватели и community manager-и. Во истата година се одржува и првиот турнир во Imperia Online – „Инвазија на номади“.
Во 2008 година е пуштена нова верзија на играта: верзија 4, којашто подоцна служи како прототип за верзија 5. Верзија 4 е со посложен и побогат гејмплеј, а подоцна се направени и визуелни подобрувања и како резултат на тоа се појавува верзија 4А. За време на истата година се одржува и првото издание на легендарниот турнир „Инвазија на номади“ во верзија 4.
Во 2010 година е пуштена верзија 5: „Ера на освојување“. Со неа се воведени нови визуелни ефекти и модули, како и втора раса освен империјанска - номадска.
Во 2011 година се отворени Тактички и Мега Блиц свет коишто на искусните играчи им предлагаат дополнителни предизвици. Верзија 5 на Империја Онлајн е претставена и на iOS платформа. Се одржува и Светско првенство на Империја Онлајн.
Во 2013 година е интегрирана и најголемата руска друштвена мрежа - Одноклассники.[12] Се одржува последното издание на Светското првенство на основа на верзија 5. Верзија 5 на Imperia Online е интегрирана во my.mail.ru и стартира за Android апарати.
Истата година е претставена најактуелната, 6-та верзија на играта - „Големите луѓе“. Таа е со целосно нова графика, збогатена механика на игра, нови модули со тоа што најинтересниот од нив е Големите луѓе, според кој и самата верзија го добива името.
Во 2014 година верзија 6 е интегрирана за iOS и Android апарати, како и во друштвената мрежа Facebook. Истата година играта станува достапна за портали како Yahoo, ProSieben, Wild Tangent, Grupa Onet, RBK Gаmes. Се проширува партнерството со Mail Ru Group преку интеграцијата на верзија 6 во Одноклассники, my.mail.ru and Vkontakte.
Во 2015 Imperia Online за Windows Phone е издадена од Game Troopers и стана првиот бугарски Xbox наслов на Microsoft. Играта овозможува нови епски предизвици преку нови Глобални настани како Мрачната тврдина и Черепот на богатството. Истата година се одржува и јубилејното 10-то издание на турнирот „Инвазија на нномади“. На крајот од годината во играта за првпат има зимски изглед.
Турнири
уредиВо Imperia Online се одржуваат различни турнири во текот на годината. Досега се имаат одржано следните турнири: Инвазија на номади, Шампионска лига, Војна за превласт и Светско првенство.[13]
- Победник во светското првенство 2011 и 2012 е бугарската репрезентација.
- Победник во светското првенство 2013 е хрватската репрезентација.
- Победник на светското првенство 2014 е бразилската репрезентација.
- Победник на светското првенство 2015 е хрватската репрезентација.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Imperia Online Timeline“. http://www.ImperiaOnline.bg. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Доброслав Димитров, Мони Дочев, Imperia Online: Все повече млади хора разбират, че имат шанс да реализират мечтите си (In Bulgarian)“. Dnevnik.bg. Посетено на 16 July 2014.
- ↑ „Imperia Online Summary“. http://www.ImperiaOnline.bg. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Facts About Imperia Online“. http://www.ImperiaOnline.bg. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „За Imperia Online и работещите модели на предприемачество в България (In Bulgarian)“. http://newtrend.bg/. Архивирано од изворникот на 2014-07-24. Посетено на 16 July 2014. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ „Imperia Online - Medieval Multiplayer Strategy Game“. http://www.appannie.com. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Official Site Of The Game“. http://www.ImperiaOnline.org. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Glossary: Resources“. http://www.imperiaonline.org/imperia/game_v6/game/help/?section=glossary. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „What do these icons on the Global Map mean?“. http://forum.imperiaonline.org. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Glossary: Battles“. http://www.imperiaonline.org/imperia/game_v6/game/help/?section=glossary. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Glossary: Winning the Realm“. Посетено на 10 July 2014.
- ↑ „GGPedia: Imperia Online“. http://ggpedia.gaminggear.bg. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „IO World Cup Official Site“. http://worldcup.imperiaonline.org. Посетено на 10 July 2014. Надворешна врска во
|website=
(help)