Меѓународна статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми

(Пренасочено од ICD)

Меѓународната статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми (најчесто позната под кратенката МКБ; англиски: International Statistical Classification of Diseases and Related Health Problems (ICD)) е медицинска класификација која овозможува кодови за класификација на болести и голем број на знаци, симптоми, ненормални наоди, поплаки, социјални околности и надворешни причини за повреда или болест. Под овој систем, секоја здравствена состојба може да се смести во посебна категорија и да ѝ се даде код со должина до шест симболи. Овие категории во себе можат да содржат послични болести.

Меѓународната класификација на болестите е издадена од Светската здравствена организација (СЗО) и се користи ширум светот за статистики поврзани со морталитетот и морбидитетот и за поддршка во процесот на донесување на одлуки во медицината. Овој систем е дизајниран за да постои меѓународна сродност во собирањето, обработувањето, класифицирањето и презентирањето на овие статистики. МКБ е главната класификација на семејството на меѓународни класификации на СЗО (англиски: WHO Family of International Classifications (WHO-FIC)).[1]

МКБ е подлежна на периодична ревизија и моментално е во нејзиното десетто издание. Според ова, таа е позната како МКБ-10, а е развиена во 1992 за да се следат морталитетните статистики. МКБ-11 е планирана за 2015[2] и ќе биде ревизирана користејќи ги начелата на Пајажина 2.0.[3] СЗО издава годишни мали обновувања и тригодишни поголеми обновувања.[4] МКБ е дел од семејство на водичи кои можат да се меѓусебно надополнуваат. Овде е вклучена Меѓународната класификација на функционирање, инвалидитет и здравје (МКФ) која се фокусира на функционирањето (инвалидитетот) поврзанo со здравствени состојби, гледано од медицинска и социјална перспектива.

Наводи

уреди
  1. Светска здравствена организација. Family of International Classifications. Пристапено на 2 ноември 2011. (англиски)
  2. „Revision of the International Classification of Diseases (ICD)“. Светска здравствена организација. Посетено на 2 ноември 2011. (англиски)
  3. „WHO adopts Wikipedia approach for key update“. CBC News. The Canadian Press. 2 мај 2007. Архивирано од изворникот 2007-05-05. Посетено на 2011-11-02. (англиски)
  4. СЗО. List of Official ICD-10 Updates. Архивирано на 12 октомври 2012 г. (англиски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Англиски

уреди