HAARP (скратено за англиски: High Frequency Active Auroral Research Program, македонски: Програм на активно високочестотно истражување поларната светлина) — истражувачки проект којшто сака да „разбере, стимулира и да ги контролира процесите во јоносферата кои можат да ја изменат работата на комуникациските и системите за надгледување“. Започнат е во 1993 година и е предложено да трае 20 години. Проектот се одвива близу местото Гекона на Алјаска.[1] Опремата за проектот HAARP се состои од огромен број радиотрансмитери со огромна сила и соодветни инструменти за детекција, односно 180 антени со голема сила, 6 генератори на сила 3,6 илјади коњски сили секојдневно емитуваат преку 3.000.000 вати.

Дел од опремата на проектот HAARP

Критика

уреди

HAARP е предмет на разни теории на заговор во кои се означува како „таен проект“ и се поврзува со настани на природни катастрофи како потреси, поплави и вулкански ерупции.

Наводи

уреди
  1. „HAARP Fact Sheet“. HAARP. 15 јуни 2007. Архивирано од изворникот 2012-05-30. Посетено на 27 септември 2009.

Надворешни врски

уреди