Меѓународен кинолошки сојуз
Меѓународниот кинолошки сојуз, познат и по меѓународната кратенка ФЦИ (француски: Fédération Cynologique Internationale, FCI), е светска кинолошка организација, основана со цел да се унапредува и заштити кинологијата и чистите раси на кучиња, со седиште во Белгија. Таа вклучува 84 членки и договорни партнери (по еден член од секоја земја) кои издаваат свои педигреа и ги обучуваат своите судии. сојузот се грижи педигреата и судиите да бидат меѓусебно признаени помеѓу членките. Покрај тоа, сојузот води регистар на раси на кучиња со прецизен опис. Според регистарот, денес има 339 признаени видови на кучиња. Исто така, сојузот води список на овластени судии од сите државни организации.
Лого на ФЦИ | |
Кратенка | ФЦИ |
---|---|
Гесло | За кучињата ширум светот. |
Основана | 22 мај 1911 |
Цел | унапредување на кинологијата и заштита на кучешките раси |
Седиште | Туин, Белгија |
Членство | 84 земји преку државни кинолошки здруженија |
Службени јазици | англиски, германски, француски, шпански |
Главно тело | Генерално собрание |
Мреж. место | http://www.fci.be |
Спротивно на раширеното мислење, ФЦИ не издава педигреа, ниту пак чува информации за одгледувачите на кучиња. Овие задачи ги извршуваат државните кинолошки здруженија кои се членки на ФЦИ.
Натпревари
уредиФЦИ го дефинира календарот на меѓународните изложби на кучиња. Според тој календар, секоја земја-членка организира меѓународни натпревари во убавина како и во работни проби на кучињата.
Наградите соодветно се нарекуваат:
- за убавина ЦАЦИБ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International de Beauté = CACIB),
- за работни кучиња ЦАЦИТ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International de Travail = CACIT),
- за послушност ЦАЦИОБ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International d'Obéissance = CACIOB),
- за подвижност ЦАЦИАГ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International d'Agility = CACIAG), и
- за брзина ЦАЦИЛ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International des Courses de Lévriers = CACIL).
Резултатите ги потврдува сојузот. После определен број на освоени награди, едно куче може да добие титула меѓународен шампион во работа или во убавина.
Историја
уредиМеѓународниот кинолошки сојуз е создадена на 22 мај 1911 со цел да се унапредува и заштити кинологијата и чистите раси на кучиња. Основачи на ФЦИ биле кинолошки здруженија од Германија, Австрија, Белгија, Франција и Холандија. Сојузот се распуштил во текот на Првата светска војна, и бил повторно создаден во 1921 г. Во 1968 г. организацијата станала правно лице.
Структура
уредиФЦИ се состои од следниве тела:
- Генерално собрание
- Извршен комитет и Генерален комитет
- Задолжителни комисии (за стандарди, научна, правна)
- Повремени комисии
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Меѓународен кинолошки сојуз (англиски) (француски) (германски) (шпански)
- Карта на светот со означени земји-членки на ФЦИ Архивирано на 18 август 2007 г.
- Календар на светски првенства на ФЦИ Архивирано на 3 април 2007 г.