Дин

(Пренасочено од Dyn)

Дин (симб. dyn, дин; од грч. δύναμις [динамис] = моќ, сила) е единица за сила од системо СГС, кој е претходник на современиот систем SI. Еден дин е еднаков на точно 10 µN (микроњутни), или, по дефиниција: силата што ѝ дава на маса од 1 грам забрзување од 1 сантиметар за 1 секунда:[1]

1 dyn = 1 g·cm/s² = 10−5 kg·m/s² = 10−5 N

Единицата дин по сантиметар се користи за изразување на површинско напрегање. На пример, површинското напрегање на дестилираната вода изнесува 72 dyn/cm при 25 °C, а изразено во SI-единици ова би било 72 x 10−3 N/m или 72 mN/m.

Единици за сила
њутн (SI) дин килопонд фунта-сила фунтал
1 N ≡ 1 kg·m/s² = 105 dyn ≈ 0,10197 kp ≈ 0,22481 lbF ≈ 7,2330 pdl
1 dyn = 10−5 N ≡ 1 g·cm/s² ≈ 1,0197×10−6 kp ≈ 2,2481×10−6 lbF ≈ 7,2330×10−5 pdl
1 kp = 9,80665 N = 980665 dyn gn·(1 kg) ≈ 2,2046 lbF ≈ 70,932 pdl
1 lbF ≈ 4,448222 N ≈ 444822 dyn ≈ 0,45359 kp gn·(1 lb) ≈ 32,174 pdl
1 pdl ≈ 0,138255 N ≈ 13825 dyn ≈ 0,014098 kp ≈ 0,031081 lbF ≡ 1 lb·ft/s²

Наводи

уреди
  1. „дин“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он. нет