Dolerus uliginosus
Dolerus uliginosus | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus uliginosus Klug, 1814 |
Dolerus uliginosus — вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
уредиГлавата црна, антените подолги од абдоменот. Градите црни. Крилата стаклесто провидни, жилките црни. Абдоменот црвеникавожолт, првиот и двата последни тергити на абдоменот црни. Мажјакот по обојувањето на телото и по другите надворешни белези сличен на женската форма.
Ларвите достигнуваат должина од 16-20 мм. Основната боја на главата жолта. Над очите и на челната плочка има темнокафеави дамки. Телото дорзално зеленикаво, од долната страна светлозеленикаво. Се среќаваат во текот на мај на растенијата од родот Juncus.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина 9,5 — 10,5 мм.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е Средна Европа.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 85