Dolerus triplicatus
Dolerus triplicatus | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus triplicatus Klug, 1814 |
Dolerus triplicatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
уредиГлавата црна, градите црвени со три црни дамки на мезонотумот. Тегулите црвени, мезонотумот црн, мезоплеурите делумно црни. Крилата затемнети, жилките и стигмата црни. Нозете наполно црни. Абдоменот жолтоцрвеникав. Мажјакот се разликува од женката по обојувањето на градите, кои се наполно црни. Абдоменот жолтоцрвеникав, првиот тергит црн.
Ларвите достигнуваат должина од 25 мм. Нивната глава жолтеникава, челната плочка со темнокафеава дамка. Телото дорзално жолто или зеленикаво. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Juncus.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина од 9-12 мм.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е цела Европа и Турција. Во Македонија видот се среќава во селото Катланово, Маврово и планината Галичица.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 83