Dolerus madidus
Dolerus madidus | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus madidus Klug, 1814 |
Dolerus madidus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
уредиГлавата црна, градите црвени скутелумот црн, како и мезостернумот и делумно мезоплеурите. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете наполно црни. Абдоменот црвеникаво жолт. Кај мажјакот главата и градите црни. Антените подолги од абдоменот. Првиот и двата или трите последни тергити на абдоменот црни, другите црвеникаво жолти.
Ларвите достигнуваат должина до 25 мм. Нивната глава е жолта, без темни дамки над очите. Телото дорзално темнокафеаво, од долната страна светложолтеникаво. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Juncus.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина од 9-11 мм.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е цела Европа.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 84