Dolerus liogaster
вид на растителна оса
Dolerus liogaster | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus liogaster Thomson, 1871 |
Dolerus liogaster е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
уредиГлавата, антените и градите се црни, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете се црни, а тибиите во основа се црвени. Абдоменот е црн. Обојувањето на телото кај мажјакот е слично како кај женската форма.
Ларвите се појавуваат во мај на растенија од родовите: Festuca и Dactylis.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 мм.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е низ цела Европа. Во Македонија видот е собран на Галичица.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 87