Dolerus anticus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus anticus
Klug, 1814

Dolerus anticus — вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис

уреди

Главата црна, градите црвени, мезоплеурите и страничните делови на мезонотумот делумно црни, скутелумот црн. Абдоменот жолтоцрвеникав, првиот сегмент црн. Кај мажјакот антените покуси од абдоменот. Главата и градите црни. Абдоменот црн, средните сегменти црвени.

Ларвите се непознати. Возрасните форми се среќаваат во текот на мај и јуни.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина 8 — 11 мм.

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на овој вид оса е цела Европа. Во Македонија видот се среќава во селото Ореовец (Македонски Брод).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 84-85