Death (музичка група)

(Пренасочено од Death (музички бенд))

Death е еден од највлијателните и најзначајните дет метал бендови оформен во 1983 и растурен во 1999.[1] Чак Шулдинер (гитара/вокал) е основач на бендот и на стилот дет метал воопшто.[2] Првиот албум на групата е Scream Bloody Gore (1987), од критиката ословен како „првиот вистински“ дет метал албум.[3] Чак Шулдинер е единствениот којшто бил во групата од почетокот до крајот. Death исто така важи за комерцијално најуспешната група од својот жанр, со продадени околу 2 милиони плочи на глобално ниво.[4] Во САД нивната бројка изнесува 370 илјади продадени албуми.[5]

Death
Death во Град Мексико (јуни 1989 г.)
Животописни податоци
ПотеклоОрландо, Флорида, САД
Жанровидет метал
технички дет метал
Период на активност1983-1999
ИздавачиCombat Records
Relativity Records
Roadrunner Records
Nuclear Blast
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Животопис

уреди

Историјат (1983-2001)

уреди

Бендот е оформен во 1983 година од страна на 16 годишниот Чак Шулдинер и првично бил наречен Mantas. 1984 било снимено првото демо наречено Death By Metal и бендот бил преименуван во Death. Кон крајот на годината излегува уште едно демо наречено Reign Of Terror составено од 5 песни. Во 1985 е снимено Infernal Death кое содржело 3 песни. Во 1986 повторно излегува ново демо Mutilation кое содржи 3 песни. 1987 конечно бендот живнува и го снима првиот албум Scream Bloody Gore поддржан од продукциската куќа Комбат Рекордс. За време на албумот бендот бил составен само од Чак Шулдинер (гитари/бас/вокал) и Крис Рајферт (тапани). Истата година, малку подоцна доаѓаат Рик Роз (гитара), Тери Батлер (бас гитара), и Бил Ендрус (тапани).

1988 се спремаат и го снимаат вториот албум Leprosy со истата постава. 1989 ја минале на турнеја низ Европа заедно со бендот Gangreen, а во 1990 го снимиле третиот албум Spiritual Healing, но точно пред излегувањето на албумот, гитаристот Роз го напуштил бендот и бил заменет од Џејмс Марфи, а за време на турнејата пак дошол Алберт Гонсалес на негово место, за на крајот и тој да биде заменет од Пол Масвидал, член на групата Cynic.

1991 со нови промени во поставата пристапил и тапанарот на Cynic, Шон Рајнерт и Стив Диџорџио на бас од треш групата Sadus и го снимиле албумот Human, како и првиот спот за песната „Lack Of Comprehension“. Започнува и турнејата „Inhuman“ заедно со Cannibal Corpse, Pestilence, Napalm Death и Dismember. 1992 е издаден компилациски албум Fate. Во 1993 следи нов албум Individual Through Pattern, а заедно со албумот е направен и вториот спот и тоа за песната „The Philosopher“. 1995 Чак потпишал договор со Роудранер Рекордс и излегла плочата Symbolic. 1996 Чак оформува уште еден бенд Control Denied и го снимаат првото демо составено од 4 песни.

Во 1998 последниот албум Sound Of Perseverance е издаден од продукциската куќа Nuclear Blast, која подоцна во 2001 година ги издава двата албуми во живо Live In L.A. и Live In Eindhoven. Control Denied го издаваат нивниот прв и последен албум во 1999 The Fragile Art Of Existence. Подоцна истата година Чак открива за неговата болест, тумор на мозокот и во 2000 започнува да спрема материјал за новиот албум на Control Denied, When Man And Maschine Collide, но болеста го победила и Чак умира на 13 декември 2001.[6]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Scream Bloody Gore (1987)
  • Leprosy (1988)
  • Spiritual Healing (1990)
  • Human (1991)
  • Individual Thought Patterns (1993)
  • Symbolic (1995)
  • The Sound of Perseverance (1998)

Наводи

уреди
  1. Mancini, R. Death Frontman Chuck Schuldiner Dies Архивирано на 6 август 2010 г., MTV.com, 18 декември, 2001 (проверено на 7 август, 2008)
  2. Allmusic.com Death Biography
  3. Aldis, N. & Sherry, J. Heavy Metal Thunder, 2006, San Francisco: Chronicle ISBN 0-8118-5353-5
  4. според Nielsen SoundScan (проверено на 11 декември, 2009)
  5. It's Official: CANNIBAL CORPSE Are The Top-Selling Death Metal Band Of The SoundScan Era Архивирано на 8 октомври 2012 г. Blabbermouth.net (објавено на 17 ноември 2003 - проверено на 8 јули 2013)
  6. Grayson, M. Perry Precious Memories of Chuck Schuldiner, EmptyWords.org, 2001 (проверено на 21 јуни, 2009)

Надворешни врски

уреди