Кибермалтретирање

(Пренасочено од Cyber-bullying)

Кибермалтретирање (англиски: cyberbullying) — општествена појава на употребата на семрежјето и сродните технологии за да им наштетат на другите луѓе, на еден смислен и непријателски начин. Тоа станува се почесто во општеството, особено меѓу младите луѓе, а секојдневно се појавуваат сè повеќе кампањи за борба против тоа.

Гесло за кибермалтретирањето

Дефиниција

уреди

Терминот "cyberbullying" e создаден и дефиниран од страна на канадски едукатор и активист за анти-заплашување Bill Belsey, како "употребата на информатичките и комуникациските технологии за поддршка на намерното и непријателско однесување од страна на поединец или група, која е наменета да им наштети на другите ".[1]

Кибермалтретирањето последователно е дефинирано како: "кога семрежјето, мобилните телефони или други уреди се користат за испраќање на текст или слики, сè со цел да се повреди или посрамоти друго лице".[2] Други истражувачи користат сличен јазик за опишување на феноменот.

Кибермалтретирањето може да биде толку едноставно како што е праќање e-mail на некој што веќе рекол дека не сака да контактира со испраќачот, кое исто така може да вклучува и закани, сексуална забелешки, погрдни етикети (т.е. говор на омраза), да ги жртвите прави предмет на исмевање во форуми и објавување на лажни изјави како факти насочени кон понижување.

Луѓето кои се занимаваат со кибермалтретирањето (Cyberbullies) можат да ги откријат личните податоци на жртвите (на пример, вистинско име, адреса, или на работното место / училиште) на мрежни места или форуми или може да издаваат материјали со кои ќе ги оцрнуваат нивните имиња или подложуваат на исмејување. Некои сајбер-насилници, исто така, може да испратат заканувачки пораки на жртвите, додека други постираат гласини или озборувања и ги поттикнуваат другите да не им се допаѓаат.

Анкетата за Младинска семрежна сигурност, спроведена од страна на Центарот за истражување против криминал над деца на Универзитетот во Њу Хемпшир во 2005 година, покажа дека 9% од младите луѓе во текот на истражувањето биле вознемирени. Истражувањето било претставителна телефонска анкета извршена на 1.500 деца на возраст од 10-17 години. Една третина кои се чувствуваат вознемирени од инцидентот, се со поголема веројатност помладите испитаници и оние кои биле жртви на агресивно малтретирање. Во споредба со младите кои не се заплашувани онлајн, жртвите кои се малтретирани се со поголема веројатност дека имаат социјални проблеми. Од друга страна, оние кои ги малтретираат другите се со поголема веројатност дека имаат проблеми со прекршување на закони и агресија. Младите кои се заплашувани се со значително поголема веројатност дека и тие самите ќе ги заплашуваат другите.

Децата почнуваат да контактираат едни со други онлајн уште на возраст од 2 одделение. Според истражувањето, момчињата иницираат онлајн активност порано од девојчињата. Сепак, од средно училиште, девојчињата сè повеќе се вклучуваат во кибермалтретирањето од момчињата.[3] Без разлика дали заплашувачите се машки или женски,нивната цел е намерно да се посрамотат другите, вознемират, заплашат, или да си направат онлајн закани меѓусебно. Ова малтретирање се случува преку е-пошта, текст пораки,пораки на блогови и мрежни места. Иако употребата на сексуални забелешки и закани понекогаш се присутни во кибермалтретирањето, тоа не е исто како и сексуалното вознемирување и не вклучува сексуални грабливци.

Кибермалтретирање наспроти кибердемнење

уреди

Практиката на кибермалтретирањето (cyberbullying) не е ограничена само кај децата, туку однесувањата се идентификувани и од страна на возрасните. Разликата во возрасните групи понекогаш е нарекувана кибердемнење (cyberstalking) или кибервознемирување (cyberharassment), кога заплашувањата извршени од страна на возрасни кон возрасни, понекогаш се насочени врз основа на полот. Заеднички тактики кои се користат од страна на кибердемначите е да рушат културни вредности или енциклопедиии, да се закануваат приходите на жртвата, вработувањето, репутацијата или безбедноста. Повторувачките шеми на овие акции од страна на возрасните го сочинуваат кибердемнење.

Истражување

уреди

Во летото 2008 година, истражувачите Sameer Hinduja ( универзитетот Атлантик Флорида) и Justin Patchin (Универзитетот во Висконсин ) ја објавија книгата на кибермалтретирањето каде е сумирана моменталната состојба од истражувањето за кибермалтретирањето.[4] Документите од нивното истражување покажуваат дека кибермалтретирањето се зголемува во текот на последните неколку години. Тие, исто така го пријавиле и профилот од наодите од најновата студија на сајбермалтретирањето меѓу средните училишта. Од случаен примерок, од приближно 2000 ученици од голема училишна област во јужниот дел на САД, околу 10% од испитаниците биле сајбер заплашувани во претходните 30 дена додека над 17% пријавиле дека биле сајбер заплашувани најмалку еднаш во животот. Додека овие стапки се малку пониски од некои од наодите од нивните претходни истражувања, Hinduja и Patchin укажуваат дека поранешните студии биле претежно спроведени меѓу постарите адолесценти и семрежни корисници. Тоа е така од причина што повозрасните повеќе го користат семрежјето од децата и затоа кај нив е поголема веројатноста да се доживее сајбер заплашување.

Истражување и статистика

уреди

Националниот совет за превенција на криминал изјвува дека кибермалтретирањето е проблем што влијае на речиси половина од сите американски тинејџери.[5] Во 2007 година, Debbie Heimowitz, студент на Стенфорд Универзитетот, создаде филм заснован на Стенфорд акредитирано истражување. Таа работеше во групи, десет недели во три училишта за да се запознае со проблемот на кибермалтретирањето во Северна Калифорнија. Наодите утврдиле дека над 60% од учениците биле сајбер заплашувани и биле жртви на кибер-малтретирањето. Филмот сега се користи во училниците на национално ниво, дизајниран околу целите на учење, кои се во врска со проблемите околу разбирањето на темата. Средното училиште на Megan Meier наводно го користи филмот како решение за кризата во нивниот град. Во септември 2006 година, ABC вестите известуваат за истражувањето подготвено од страна на I-Safe.Org.[6] Оваа 2004 анкета на 1.500 студенти помеѓу 4 и 8 степен изјавиле:

42% од децата се заплашувани онајалн. На секое четврто дете тоа му се случило повеќе од еднаш.
35% од децата изјавуваат дека им се заканувале на семрежјето. На секое петто дете му се случило повеќе од еднаш.
21% од децата добиле заканувачки меил или други пораки.
58% од децата се признаваат дека некој рекол навредливи работи за нив на семрежјето. Повеќе од четири од десет деца велат дека тоа се случило повеќе од еднаш.
58% не им кажуваат на своите родители или на повозрасните дека со нешто ги навредиле на семрежјето.

Според 2006 анкета од страна на Harris Interactive:[7]
43% од американските тинејџери доживеале некаков вид на сајбер заплашување во изминатата година. Слично на тоа, една канадска студија покажала:
23% од анкетираните биле заплашувани од страна на e-mail
35% во виртуелни простории за разговор
41% од текстуални пораки на нивните мобилни телефони
Целосно 41% не го знаат идентитетот на сторителите.

Анкетата за Младинската семрежна сигурност, спроведена од страна на Центарот за истражување против криминал над деца на Универзитетот во Њу Хемпшир во 2005 година, покажа дека 9% од младите луѓе во текот на истражувањето биле вознемирени. Истражувањето било претставителна телефонска анкета извршена на 1.500 деца на возраст од 10-17 години. Една третина кое се чувствуваат вознемирени од инцидентот, се со поголема веројатност помладите испитаници и оние кои беа жртви на агресивно малтретирање. Во споредба со младите кои не се заплашувани онлајн, жртвите кои се малтретирани се со поголема веројатност дека имаат социјални проблеми. Од друга страна, оние кои ги малтретираат другите се со поголема веројатност дека имаат проблеми со прекршување на закони и агресија. Hinduja и Patchin направиле студија во текот на летото 2005 година и од околу 1.500 семрежни корисници адолесценти, повеќе од една третина од младите биле пријавени како жртви на сајбер аплашување, а над 16% од испитаниците вклучени во сајбер-заплашување над другите. Додека во повеќето од случаите на сајбер-заплашувањето (41% биле непочитувани, 19% биле повикани со некакви имиња), над 12% биле изложени на физички закани и околу 5% биле исплашени за нивната безбедност.

Дополнителни истражувања од Hinduja и Patchin покажале дека младите кои изјавиле дека се жртви на кибер-малтретирањето, исто така, имале искуство со стрес или замор што е поврзано со проблем во нивното однесување како што е бегање од дома, мамење на тест на училиште, бегање од училиште, или со користење на алкохол или марихуана. Авторите признаваат дека и двете од овие студии се објавуваат само прелиминарни информации за природата и последиците на онлајн малтретирањето, а тоа се должи на методолошките предизвици поврзани со онлајн анкета.

Според анкетата 2005 извршена од страна на Насловна добротворна детска организација од 770 млади на возраст меѓу 11 и 19 години, 20% од испитаниците откриле дека биле малтретирани електронски . Речиси три четвртини (73%) изјавиле дека го знаат лицето од кое се малтретирани, додека 26% изјавиле дека сторителот е непознат. 10% од испитаниците реагирале и посочиле дека друго лице има преземено слика и / или видео од него преку камера од мобилен телефон, следствено што ги прави да се чувствуваат непријатно, посрамено или загрозено. Многу млади луѓе не кажуваат на соодветните органи за нивното сајбер заплашување и виктимизација поради стравот дека ќе им биде одземен нивниот пристап кон технологијата; додека 24% и 14% им кажуваат на родителите или наставниците, односно 28% не кажале никому, додека 41% кажале на пријател.[8]

Во едно истражување на Центарот против криминал на децата на Универзитетот во Њу Хемпшир во 2000 година покажало дека 6% од младите луѓе во истражувањето имале некој вид на вознемирување, вклучувајќи закани и негативни гласини и 2% претрпеле вознемирувачко малтретирање. Известувањето на резултатите од мета анализа од земјите на Европската Унија, Hasebrink et al. (2009) проценува дека околу 18% од младите луѓе во Европа луѓе "заплашувани / малтретирани " преку семрежјето и мобилни телефони. Стапката на кибермалтретирањето кај младите луѓе низ земјите членки на ЕУ се движи од 10% до 52%. На национално ниво, Австралиска анкета за зачестеноста на тајното заплашување го оценува кибермалтретирањето меѓу 7418 ученици. Стапките на кибермалтретирањето се зголемува со возраста, со 4,9% од учениците во 4 година со 7,9% во 9 година. Стапките на заплашување и малтретирање биле пониски, но истите се зголемуваат со возраста.[9]

Споредба со традиционалното заплашување

уреди

Одредени одлики својствени за онлајн технологиите ја зголемуваат веројатноста дека тие ќе бидат експлоатирани за девијантни цели. За разлика од физичкото малтретирање, електронските малтретирачи можат да останат анонимни практично со користење на привремени маил сметки, псевдоними во виртуелни простории за разговор, програми за праќање инстант пораки, праќање на текст пораки преку мобилни телефони и други мрежни места за да ги маскираат своите идентитети. Тие можеби мислат дека ова ги ослободува од нормативни и социјални ограничувања на нивното однесување.

Покрај тоа, електронските форуми често немаат надзор. Додека одговорните во виртуелните простории редовно го набљудуваат дијалогот во некои виртуелнии простории во обид да вршат надзор и да ги отстранат личностите кои навредуваат, лични пораки испратени помеѓу корисниците (како што се електронската пошта или текстуални пораки) кои се видливи само помеѓу испраќачот и примачот, а со тоа и надвор од дофатот на таквите органи. Покрај тоа кога тинејџерите знаат повеќе за компјутерите и мобилните телефони од нивните родители или старатели, тие се затоа способни да работат со технологиите без загриженост дека родителот ќе открие за нивното искуство со заплашување (без разлика дали како жртва или сторител).

Друг фактор е неразделноста на мобилниот телефон од неговиот сопственик, што го прави тоа лице вечна цел за прогонување. Корисниците често треба да ги задржат своите телефони вклучени за легитимни цели, што обезбедува можност за оние со малициозни намери да се вклучат во упорно непожелно однесување, како што се вознемирувачки телефонски повици или заканувачки и навредливи изјави преку способноста за праќање на текст пораки на мобилните телефони. Кибермалтретирањето на тој начин продира на ѕидовите на домот, традиционалното место каде жртвите можат да побараат засолниште од другите форми на заплашување. Спојување на ова навлегување во домашниот живот на малтретираната жртва е единствениот начин на кој семрежјето може да ,создаде симултани сензации на изложеност (целиот свет гледа) и отуѓување ( никој не разбира ). За младите кои се соочуваат со срам или само-омраза, овој ефект може да доведе до екстремна само-изолација.

Една можна предност за жртвите на кибермалтретирањето во однос на традиционалното заплашубање е што тие понекогаш можат да бидат во можност да го избегнат со едноставно избегнување на виртуелната просторија за разговор која е во прашање. Е-мејл адресиите и телефонските броеви може да се променат, а во прилог, повеќето e-mail сметки сега нудат услуги со кои автоматски ќе се филтрираат пораки од одредени испраќачи пред тие дури стигнат во поштенското сандаче, и телефоните нудат слични повикувачки ID функции.

Сепак, ова не не штити од сите форми на сајбер заплашување; објавување на клеветнички материјал за некоја личност на семрежјето е исклучително тешко да се спречи и кога еднаш се испратени, милиони луѓе потенцијално може да го преземат пред да се отстрани. Некои сторителите можат да постираат фотографии од жртвите, или изменеат фотографиите од жртвите или да вметнат на жртвите голи тела. Примери за познати форуми за неоткривање лични податоци или фотографии на "казнување" на "непријатели" вклучуваат Hong Kong Golden Forum, Live Journal, а од неодамна и JuicyCampus. И покрај политиките кои го опишуваат сајбер-малтретирањето како прекршување на условите на сервисот, многу мрежни места за друштвени мрежи се користени за таа цел.

Законодавството против сајбер-заплашувањето

уреди

Законодавството насочено во казнување на сајбер-заплашувањето е воведено во голем број на сојузни држави во САД, вклучувајќи ги Њујорк, Мисури, Род Ајленд и Мериленд. Најмалку седум држави донесоа закон против малтретирање во 2007 година. Dardenne Prairie од Спрингфилд, Мисури, го усвои законот за правење прекршок со онлајн заплашување. Градот на Св.Чарлс, Мисури донесе сличен закон. Мисури е меѓу другите држави, каде што пратениците ги извршуваат државните закони и каде на сила стапува законот за "cyberbullying" и се очекува истиот да се усвои.[10] Во јуни 2008 година, Rep. Linda Sanchez (D-Calif.) и Rep. Kenny Hulshof (R-Mo.) предложија федерален закон што ќе криминализира акти на кибермалтретирањето.[11]

Во август 2008 година, во Калифорнија во државното законодавство помина еден од првите закони во земјата што може да се справи директно со cyberbullying. Законодавството им дава на училишните администратори овластување да ги дисциплинираат студентите за малтретирање на другите офлајн или онлајн. Овој закон стапил на сила на 1 јануари 2009 година. Неодамнешната одлука, првпат видена во Велика Британија, утврдила дека е можно семрежен услужник (ISP) да биде одговорен за содржината на сајтови на кои е домаќин, поставување преседан секој услужник кој треба да даде известување и поплаки и истото сериозно да се истражи веднаш.

Штетни ефекти

уреди

Истражувањата покажуваат дека е голем бројот на сериозни последици од cyberbullying виктимизацијата. На пример, жртвите имаат помала самодоверба, зголемена самоубиствени идеи и различни емоционални реакции, стануваат исплашени, фрустрирани, лути и депресивни. Еден од најпознатите штетни ефекти е тоа што жртвата почнува да ги избегнува пријателите и секојдневните активности.[12]

Кампањите против кибермалтретирањето се понекогаш толку штетни што жртвите извршуваат самоубиство. Постојат најмалку четири примери во САД каде што кибермалтретирањето е поврзано со самоубиството на еден тинејџер. Самоубиството на Megan Meier е еден неодамнешен пример, што доведе до осуда на возрасен сторител на напади.

Заплашување, емоционална штета, обиди за самоубиство

уреди

Незаинтересираноста на младите да им раскажат на надлежните органи за случаите со сајбер-заплашувањето доведе до фатални последици. Најмалку три деца на возраст меѓу 12 и 13 години извршиле самоубиство поради депресија предизвикана од сајбер-заплашувањето,според извештаите од страна на УСА тудеј и Балтимор испитувачот. Тие го вклучуваат и самоубиството на Рајан Halligan и самоубиството на Megan Meier.

Изгубени приходи, закани, клевета

уреди

Големите компании спроведуваат студии за да се измери загуба на приходи преку малициозни лажни работи. Cyberstalkers бараат да ја оштетат заработувачката на нивнита жртва, вработувањето репутацијата или безбедноста. Од 2008 година Високиот суд утврди дека, општо земено, навреда е кога изјава е направена усно без оправдување. Клеветнички изјави се оние кои се снимени со одреден степен на трајност. Ова би вклучувало изјави дадени по електронска пошта или на онлајн огласни табли.[13]

Возрасните и работните места

уреди

Кибермалтретирањето не е ограничено на лични напади или деца. Сајбер-малтретирањето, познато како cyberstalking кога се вклучени и возрасни, зазема место на работното место или на мрежните места на компанијата, блогови или коментари за овој производ. Една анкета изработена врз 1 072 работници од страна на Достоинство и работа во партнерство покажаа дека еден од пет биле заплашувани на работа преку е-пошта и истражувањето покажало дека 1 од 10 вработени во Велика Британија веруваат дека сајбер-заплашувањето е проблем на работното месо.[14]

Cyberstalkers користиат постови, форуми, весници и други онлајн средства за да ја претстави жртвата во лажна или непријатна светлина. Прашањето за одговорноста за малтретирање и убиство на ликот се особено истакнати и подлежат на законодавната заштита откако оригиналните автори на навредлив материјал се почесто не се само анонимни, но и недостапни. Сепак, злоупотребата би требало постојано да се става на внимание во компанијата на вработените.

Признавање на возраснте и "cyberbullying" тактиката на работното место

уреди

Заедничките тактики користени од cyberstalkers служат за да ги рушат културните вредности на прбарувачите или енциклопедиите, да ги загрозат приходите на жртвите, работата, репутацијата,или безбедноста. Разни компании обезбедуваат случаии на сајбер-следење ( вклучувајќи возрасни) следеејќи ја матрицата на повторени акции против целта. Додека мотивите се разликуваат, без разлика дали е романтична, бизнис конфликт на интереси, или лични недопаѓања, целта е најчесто некој живот кој следачот го гледа или чувствува дека некои елементи недостигаат во неговиот живот.

Производи засновани на веб или услуги шпекулирани против cyberstalkers во вознемирувањето или клевета на нивните животи. Изворот на клевета се чини дека доаѓа од четири типа на семрежни информации за добаувачите: Блогови, индустриските форуми или одбори, и комерцијалните мрежни места. Студии откриваат дека додека некои мотиви се лични недопаѓања, често постоии директна економска мотивација од страна на cyberstalker, вклучувајќи ги и конфликтите на интереси, и истрагата откри дека одговорна страна е партнер или снабдувач на еден конкурент, или самата конкуренција.

Наводи

уреди
  1. http://www.cyberbullying.org/ includes the first formal definition of cyberbullying by Bill Belsey. Посетено на July 6, 2011.
  2. http://www.ncpc.org/cyberbullying Архивирано на 2 мај 2012 г. Ncpc.org. Посетено на July 6, 2011.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 2012-02-27.
  4. Hinduja, S.; Patchin, J. W. (2009). Bullying beyond the schoolyard: Preventing and responding to cyberbullying. Thousand Oaks, CA: Corwin Press. http://en.wikipedia.org/wiki/International_Standard_Book_Number
  5. Hinduja, S. & Patchin, J. W. (2007) http://www.tandfonline.com/doi/abs/10.1300/J202v06n03_06 Journal of School Violence, 6(3), 89–112
  6. http://isafe.org/ Isafe.org. Посетено на July 6, 2011.
  7. http://www.allbusiness.com/technology/software-services-applications-internet-social/11579506-1.html Архивирано на 10 јануари 2011 г. All Business, Cynthia G. Wagner, Sept 1, 2008
  8. National Children's Home. (2005) http://www.nch.org.uk/uploads/documents/Mobile_bullying_%20report.pdf Архивирано на 28 октомври 2005 г.
  9. by Thomas Claburn, Information week; June 27, 2007 http://www.informationweek.com/news/200001167?cid=tab_art_sec Архивирано на 7 август 2011 г.
  10. http://www.pantagraph.com/news/bill-targets-adults-who-cyberbully/article_6ade6d44-a162-54d1-9be0-88bebf181f6d.html Pantagraph, by Kevin Mcdermott, December 20, 2007
  11. http://news.cnet.com/8301-10784_3-9962375-7.html Архивирано на 2 февруари 2014 г. CNET News, by Stefanie Olsen, June 7, 2008
  12. Hinduja, S.; Patchin, J. W. (2009). Bullying beyond the schoolyard: Preventing and responding to cyberbullying. Thousand Oaks, CA: Corwin Press. http://en.wikipedia.org/wiki/Special:BookSources/1412966892
  13. http://www.out-law.com/page-5624 Out-law.com. Посетено на July 6, 2011.
  14. http://www.personneltoday.com/articles/2007/07/26/41707/one+in+10+workers+experiences+cyber-bullying+in+the+workplace.html Архивирано на 7 април 2012 г. July 26, 2007