Слатководен крокодил

(Пренасочено од Crocodylus johnsoni)
Слатководен крокодил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Crocodylidae
Потсемејство: Crocodylinae
Род: Crocodylus
Вид: C. johnsoni
Научен назив
Crocodylus johnsoni
(Krefft, 1873)
Распространетост на слатководниот крокодил

Слатководниот крокодил (Crocodylus johnsoni), познат и под имињата Австралиски крокодил и Џонстонов крокодил е еднемичен вид на влекач на Австралија. Го среќаваме во северните региони на Австралија. Овој вид е многу помал од другиот вид на крокодил кој живее во Австралија – морскиот крокодил.

Иако напаѓаат доколку се почувствуаат загрозени, слатководните крокодили не се познати како човекојадци, а нивните вилици не се доволно силни за да нанесат сериозни повреди на човекот. Вообичаено овие животни ги игнорираат луѓето сè додека имаат доволно мирен простор за да се сончаат покрај водните басени.

Особености

уреди

Австралискиот слатководен крокодил е релативно мал вид. Мажјаците растат до 3 метри додека женките се со максимална должина од 2,1 метар. Бојата на телото е светлокафена со потемни дамки на телото и на опашката. Некои единки поседуваат карактеристични пруги на муцката. Лушпите на кожата се релативно големи. Овие крокодили се одлични ловци во вода.

Напади на луѓе

уреди

Слатководниот крокодил не е способен да убие па дури и да нанесе сериони повреди на човекот. Засега е регистриран само еден напад од овој вид на крокодил во националниот парк Какаду, кој резултирал со мали повреди на жртвата која успеала да исплива и да избега од нападот. Се верува дека нападнатата жртва препливала директно над крокодилот, што го предизвикало нападот, сепак генерално се смета безбедно да се плива во близина на овие крокодили[1] .

 
Слатководен крокодил

Живеалиште и распространетост

уреди

Овие крокодили ги среќаваме во Западна Австралија, Квинсленд и Северната територија. Главни живеалишта се мочуриштата, езера, реки и потоци. Ретко е во конкуренција до поголемиот морски крокодил, но се знае дека е доста толерантен на солена вода. Како ворасна единка се храни со птици, лилјаци, влекачи, водоземци и риби. Овој вид го среќаваме во различни региони, дури и над стрмнини во националниот парк Какаду каде е има доста неплодни и каменести предели.

Заштитен статус

уреди
 

Овој вид до скоро бил доста распространет низ северна Австралија, посебно во предели каде поголемиот и далеку поопасниот морски крокодил не е присутен. Но во последните години бројот на популациите драматично е намален поради хранењето со Bufo marinus. Овој водоземец е смртоносно отровен за слатководниот крокодил (иако е безопасен за морскиот крокодил), а за жал многу често конзумиран поради неговата голема присутност низ австралиската дивина[2] . Се проценува дека популацијата на слатководниот кркокодил брои некаде помеѓу 50 000 и 100 000 единки.

Наводи

уреди