Дождосвирни

ред птици
(Пренасочено од Charadriiformes)
Дождосвирни

Дождосвирни птици (научCharadriiformes) — ред од мали до средно големи птици кој вклучува околу 350 вида, а се распространети низ целиот свет. Повеќето од видовите живеат крај вода и се хранат со безрбетници или други ситни животни. Во тежина варираат од 19 гр. до 2 кг. Многу од видовите имаат долги нозе со три прста, а често и подвижен четврти прст. Обично се гнездат на земја, но некои прават гнездо и на дрво. Пилињата се веднаш способни сами да се хранат. Овие птици се долговечни, а живеат во мочвари и на бреговите од езерата и морињата, некои од нив живеат во пустински делови и шуми.

Дождосвирни
Период: доцна креда-холоцен, пр. 75-0 мг
Маскирана калуѓерка (Vanellus miles)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Ред: Дождосвирни
Huxley, 1867
Семејства

во текстот.

Систематизација

уреди

Подредови

уреди

Редот на дождосвирни се дели на 3 подреда:

  • Дождосвирци (Charadrii): типични крајбрежни птици;
  • Галеби (Lari): ова се малку поголеми видови кои ловат риба од морето, или се хранат од остатоци од брегот, грабат од други помали видови и се адаптирале на живот и на копно;
  • Норки, алки (Alcae): крајбрежни птици што гнездат на морски гребени и „летаат“ под вода во лов на риба.

Семејства

уреди
  • подред Scolopaci
    • семејство Scolopacidae
  • подред Thinocori
    • семејство Rostratulidae
    • семејство Jacanidae
    • семејство Thinocoridae
    • семејство Pedionomidae
  • подред Lari
    • семејство Laridae
    • семејство Rhynchopidae
    • семејство Sternidae
    • семејство Alcidae
    • семејство Stercorariidae
    • семејство Glareolidae
    • семејство Dromadidae
  • подред Turnici
    • семејство Turnicidae
  • подред Chionidi
    • семејство Burhinidae
    • семејство Chionididae
    • семејство Pluvianellidae
  • подред Charadrii
    • семејство Ibidorhynchidae
    • семејство Recurvirostridae
    • семејство Haematopodidae
    • семејство Charadriidae

Литература

уреди