Бајк Рио
(Пренасочено од Bike Rio)
Бајк Рио - јавен систем за изнајмување велосипеди во Рио де Жанеиро, Бразил. Системот започнал со работа во октомври 2011 година и е финансиран од страна на општинската власт на Рио де Жанеиро во соработка со банката Итау, а управуван од страна на приватниот концесионер Серттел. Системот има 4000 велосипеди кои се достапни за изнајмување на 400 станици низ неколку населби во градот. Станиците за изнајмување работат на сончеви плочи.[1][2]
Галерија
уреди-
Велосипедите се дистрибуираат рачно од станица до станица за да има достапност насекаде
-
Станица за изнајмување во близина на метро-станицата Ипанема/Генерал Осорио
-
Терминал за плаќање
-
Станица за изнајмување во Авенида Атлантика, Копакабана
Наводи
уреди- ↑ „Prefeitura lança Bike Rio, novo sistema de aluguel de bicicletas da cidade - CIDADE“. 2013-04-02. Архивирано од изворникот на 2013-04-02. Посетено на 2017-10-14.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Itaú patrocina programa de aluguel de bicicletas no Rio - EXAME.com“. 2013-04-02. Архивирано од изворникот на 2013-04-02. Посетено на 2017-10-14.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
уреди„Бајк Рио“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- The Bike Share Planning Guide, Institute for Transportation and Development Policy (ITDP), 2013.