Систем за изнајмување велосипеди

Систем за изнајмување велосипедијавен велосипедски систем или систем за споделување велосипеди е сервис во кој велосипедите се достапни за употреба на краток рок за одредена цена. Системот за споделување велосипеди им овозможува на луѓето да изнајмат велосипед од точка А и да го вратат на точка Б. Многу системи за изнајмување велосипеди нудат претплата што ги прави првите 30-45 минути на употреба бесплатни или евтини, за поттикнување на употреба на велосипедот како вид транспорт. Ова овозможува секој велосипед да се употребува од повеќе корисници дневно. Во повеќето градови каде постојат системи за заедничко користење велосипеди, повремено возење во текот на неколку часови или денови е услуга која подобро се обезбедува од страна на систем за изнајмување велосипеди отколку од страна на систем за споделување на велосипеди. Во многу системи, апликации за паметно мапирање покажуваат најблиски станици кои имаат достапни велосипеди за користење.

Јавниот велосипедски систем во Кина, Гванџу, е најголемиот систем за изнајмување велосипеди во светот
Велиб во Париз е најголемиот систем за изнајмување велосипеди надвор од Кина
Индего систем во Филаделфија

Системот за споделување велосипеди започнал во Европа во 1965 година[1] и до средината на 2000-тите се појавил остварлив формат благодарение на воведувањето на информатичката технологија. Почнувајќи од јуни 2014 година јавни системи за споделување велосипеди беа достапни во 50 земји на пет континенти, вклучувајќи 712 градови, со функционални околу 806.200 велосипеди на 37.500 станици. Од 15те најголеми системи за споделување велосипеди, 13 се во Кина.[2] До 2013 година, Кина поседуваше околу 650.000 јавни велосипеди.[3] 

Начини на користење

уреди
 
Бели велосипеди за бесплатна употреба, во Хоге Вело, Национален парк, Холандија

Иако корисниците на вакви системи обично плаќаат за користење на велосипедите кои не се во нивна сопственост, системите за споделување се разликуваат од традиционалните системи за изнајмување велосипеди кои се профитни. Првите проети за споделување велосипеди биле во најголем дел иницирани од страна на локалната заедница или како добротворни проекти наменети за обесправени или како за промоција на велосипеди како не-загадувачки вид на транспорт. Во последниве години, во обид да се намалат штетите од кражба и вандализам, многу системи за споделување велосипеди сега бараат корисникот да обезбеди паричен депозит или друг вид обезбедување од страна на корисникот. 

Наводи

уреди
  1. „Runde Sache“. Readers Digest Deutschland (германски). 06/11: 74–75. June 2011.
  2. Mead, Nick Van (2017-03-22). „Uber for bikes: how 'dockless' cycles flooded China – and are heading overseas“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-05-20.
  3. Wang, Yue. „Return of Bicycle Culture In China Adds To Billionaires' Wealth“. Forbes. Посетено на 2017-07-04.