Мрена

видови риби
(Пренасочено од Barbus barbus)
Мрена
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Зракоперки
Ред: Праповидни
Семејство: Крапови
Род: Мрена
Вид: Обична мрена
Научен назив
Barbus barbus
Linnaeus, 1758
Мрена

Мрена (латински: Barbus barbus)или Охридска мрена (црна мрена) — риба со меки перки кои лесно се виткаат. Таа има четири израстоци во облик на бркови околу устата. Припаѓа на фамилијата крапови (Cyprinidae). Охридската мрена е ендемичен вид за Охрид - Дрим - Скадар екосистемот.[1] Во време на полагање на, икрата оваа риба е отровна.

  • Максимална должина: 1 м;
  • Максимална тежина: 9 кг;
  • Време на мрест: од мај до август;

Опис

уреди

Мрена припаѓа на фамилијата на Cyprinidae. Телото на охридската мрена е вретеновидно. На грбот е светло до темнокафеаво, од страните е посветло, а стомачниот дел е изразито со бела млечна боја. По телото на охридската мрена, (грбот и страните) како и на сите перки се наоѓаат многубројни мали црнокафеави неправилни дамки кои отсуствуваат само на стомачниата страна. Охридската мрена има меснати усни и горната усна е истурена над долната. Има два пара мустаќи со различна должина. Еден пар мустаќи се наоѓа над горната усна, а другиот пар е на краевите на горната усна. Има тело со вретенест облик со нагласени и јаки перки. Грбот и е сивомаслинест, а према стомакот е сребрнаста прекриена со густи и ситни крлушки. Расте до тежина од 10 килограми но такви примероци не биле видени веќе подолго време. Најчесто се среќавале примероци од 500 грама до еден килограм, а примероци од 5 килограми се сметале за капитален улов. Животниот век на мрената е 9 години.[1]

Навики и распростанетост

уреди

Мрената ги населува сите води на централна и западна Европа, вклучувајќи го и речното корито на реката Дунав. Најчесто се наоѓа во местата каде дното е од камења. Активна е претежно ноќе, но се храни и дење после бура, кога собира мали животинки кои паднале во реката.

Размножување

уреди

Мрената се мрести како и клен, во долг временски период, од крајот на мај па до почетокот на август, и во тоа време таа се храни со ларви кои и ги носи водата или самата ги бара под камењата. Положува од 3000 до 8000 јајца крупна портокалова икра, кои се развиваат во период од 14 дена. Млечот на мажјакот е црвеникав. Полово созрева во третата односно четвртата година од животот, кога е долга 30-40см. За развој на икрите потребна е температура од 10-12 °C.

Карактеристично за охридската мрена е тоа што машките единки го чистат и го чуваат местото до даѓањето на женката. Се мрестат на чакелесто дно и покрај покрупни камења.

Живее во помали и поголеми јата на дното на езерото. Се движи најчесто кон дното во потрага за храна. Во исхраната на Охридската мрена доминираат разните видови на ларви, полжави, школки но не отсуствува и храната од растително потекло. Интересно за мрената е тоа што храната може да ја земе и од под камењата, каде што е недостапна за другите риби.[1]

Значење

уреди

Месото на оваа риба е многу вкусно и се приближува до вкусот на пастрмката, поради сличните еколошки услови во која живеат. Икрата на мрената е отровна и при консумација може да предизвика грчеви, диареа и поблаги форми на труење. Претставува една од најчестите објекти на рекреативен риболов.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Службен весник на Р Македонија бр.145